4.9 Контрола на влажноста
При складирање зеленчук и овошје во
фрижидерот, добра работа е да се ставаат
производите во фиоката. Фрижидерот
одржува ниска температура и на тој начин го
забавува стареењето. Во нормални услови,
кога фиоката за зеленчук не е целосно
наполнета и кога содржи мешавина на
зеленчук и овошје, контролата на влажноста
треба да се стави на повисока положба на
влажноста илустрирана со големата капка.
Тоа значи дека горната решетка е затворена
и во внатрешноста на фиоката се одржува
висока влажност. Тоа треба да е стандардна
поставка. Понекогаш, кога фиоката е
преполна, постои опасност производите да се
оладат недоволно ефикасно; во тој случај,
добра работа е да се отворат отворите на
решетката кон помалата капка. Зеленчукот
вообичаено се лади со испарување на
водата, а во случај кога отворите се
затворени, постои опасност од насобирање
на капки и локви вода во внатрешноста.
Производите што може да доведат до
создавање големи количини се марулата,
печурките, брокулата и морковите. Во случаи
кога мешавината содржи јаболка и овошје,
добра идеа би била да се држат отворите
малку отворени во случај кога постои ризик од
собирање на етилен во внатрешноста.
Етиленот е хормон за растење којшто го
испуштаат некои видови на овошје и зеленчук
и може да им наштети на некои од нив и да го
забрза стареењето на други.
4.10 Фиока Freshzone
Овој уред овозможува брзо ладење на
храната и порамномерна температура во
фиоката.
За да ја вклучите функцијата:
1.
Вклучете ја функцијата Купување.
2.
Се пали показателот за Купување.
3.
Отворете го крилото како што е
прикажано на сликата.
МАКЕДОНСКИ 13
Kommentare zu diesen Handbüchern