Electrolux ENN2814COW Bedienungsanleitung Seite 14

  • Herunterladen
  • Zu meinen Handbüchern hinzufügen
  • Drucken
  • Seite
    / 48
  • Inhaltsverzeichnis
  • LESEZEICHEN
  • Bewertet. / 5. Basierend auf Kundenbewertungen
Seitenansicht 13
5.2 Замена на јаглениот филтер
За најдобри перформанси, јаглениот филтер
треба да се заменува еднаш годишно.
Новите активни филтри за воздух можат да се
купат кај Вашиот локален продавач.
Погледнете во "Монтажа на јаглен филтер за
воздух" во упатството.
Филтерот за воздух е потрошен материјал и,
како таков, не е покриен со гаранција.
5.3 Одмрзнување на фрижидерот
Мразот автоматски се отстранува од
испарувачот во преграда од фрижидерот
секогаш кога компресорот ќе престане да
работи во текот на вообичаената употреба.
Водата од одмрзнувањето истекува низ
посебно дупче за истекување во посебен сад
од задната страна на апаратот, над
компресорот, каде што испарува.
Важно е повремено да се исчисти дупчето за
истекување на водата од одмрзнувањето на
средината на каналот во фрижидерската
преграда за да се спречи прелевање на
водата и нејзино капење врз храната внатре.
5.4 Одмрзнување на замрзнувачот
На полиците на замрзнувачот и околу
најгорната преграда секогаш ќе се формира
малку мраз.
Одмрзнете го замрзнувачот кога слојот мраз
ќе достигне дебелина од околу 3-5 мм.
Околу 12 часа пред одмрзнувањето,
свртете го регулаторот на
температурата кон повисоките
поставки за да се насоберат доволно
резерви студ за прекинот на
работата.
За да го отстраните мразот, постапете на
следниов начин:
1.
Исклучете го апаратот.
2.
Извадете ја храната, завиткајте ја во
неколку слоја весник и ставете ја на
студено место.
ВНИМАНИЕ
Не допирајте ги смрзнатите работи
со мокри раце. Рацете може да се
залепат за смрзнатото.
3.
Оставете ја вратата отворена.
За да се забрза одмрзнувањето,
ставете сад со топла вода во
комората за замрзнување. Освен тоа,
отстранете ги парчињата мраз што се
откачуваат пред да заврши
одмрзнувањето.
4.
Кога одмрзнувањето ќе заврши, темелно
исушете ја внатрешноста.
5.
Вклучете го апаратот.
6.
По два или три часа, вратете ја
извадената храна во комората.
Никогаш не користете остри метални
алатки за гребење на мразот од
испарувачот, бидејќи може да го
оштетите.
Не користете механички уреди или
какви било други вештачки средства
за забрзување на процесот на
одмрзнување, освен оние што се
препорачани од производителот.
Зголемувањето на температурата на
смрзнатата храна за време на
одмрзнувањето може да го скрати
нејзиниот век на чување.
5.5 Периоди неработење
Кога апаратот не се користи подолго време,
преземете ги следниве предострожности:
откачете го апаратот од електричната
мрежа
извадете ја сета храна
одмрзнете ги (ако е предвидено) и
исчистете ги апаратот и сите додатоци
оставете ја вратата или вратите
подотворени за да спречите непријатни
мириси.
Ако фрижидерот треба да остане вклучен,
замолете некого да го проверува повремено
14
www.electrolux.com
Seitenansicht 13
1 2 ... 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 ... 47 48

Kommentare zu diesen Handbüchern

Keine Kommentare