Electrolux EOB68200X Kochbuch Seite 28

  • Herunterladen
  • Zu meinen Handbüchern hinzufügen
  • Drucken
  • Seite
    / 36
  • Inhaltsverzeichnis
  • LESEZEICHEN
  • Bewertet. / 5. Basierend auf Kundenbewertungen
Seitenansicht 27
Распоредете ја сланината врз тестото.
За да го направите филот, измешајте ги
заедно јајцата, киселата павлака и
зачините. Потоа додадете го сирењето.
Истурете го филот врз сланината.
Време во рерната: 45 минути
Ниво во рерната: 1
Goatscheese Flan
Состојки за тестото:
125 g брашно
60 ml маслиново масло
1 прстофат сол
3-4 супени лажици ладна вода
Состојки за филот:
1 супена лажица маслиново масло
2 главички кромид
сол и црн пипер
1 кафена лажичка сечкана мајчина
душичка
125 g рикота
100 g козјо сирење
2 супени лажици маслинки
•1 јајце
60 ml слатка павлака
Друго:
Црна плех за печење, подмачкан, со
дијаметар од 28 cm
Метод:
Ставете ги брашното, маслиновото
масло и солта во сад за матење и
мешајте ги додека смесата да заличи на
лебни трошки. Додадете вода и
измесете тесто. Оставете го тестото да
стои во фрижидер неколку часови.
Потоа развлечете го тестото и ставете го
во подмачкан (28 cm) црн плех за
печење. Избодете го од доле со
вилушка.
Во тавче ставете 1 супена лажица
маслиново масло. Излупете го кромидот,
исечете го на тенки резанки и покриен
динстајте го на масло околу 30 минути.
Зачинете со сол и црн пипер и ставете
1/2 кафена лажичка сечкан магдонос.
Оставете кромидот малку да се олади,
потоа распоредете го по тестото.
Потоа одозгора распоредете ја рикотата
и козјото сирење и додадете маслинки.
Наросете одозгора 1/2 кафено лажиче
сечкана мајчина душичка.
За да го направите филот, измешајте ги
заедно јајцата и киселата павлака.
Истурете го филот врз погачата.
Време во рерната: 45 минути
Ниво во рерната: 1
Cheese Flan
Состојки:
1,5 листови оригинално швајцарско
тесто или лиснато тесто (исукано во
квадрат)
500 g рендан ементалер
200 ml слатка павлака
100 ml млеко
•4 јајца
сол, црн пипер и мускатно оревче
Метод:
Ставете го тестото на добро подмачкан
плех за печење. Избодете го целото
тесто со вилушка.
Распоредете го сирењето ементалер врз
тестото. Изматете ги павлаката, млекото
и јајцата и зачинете со сол, црн пипер и
мускатно оревче. Повторно добро
изматете и истурете ја смесата преку
сирењето.
Време во рерната: 40 минути
Ниво во рерната: 1
Cheese Pastry
Состојки:
400 g фета сирење
•2 јајца
3 супени лажици сечкан магдонос
црн пипер
80 ml маслиново масло
375 g кори
Метод:
Измешајте ги заедно фета сирењето,
јајцата, магдоносот и црниот пипер.
Покријте ги корите со влажна крпа за да
не се исушат. Ставете 4 кори една преку
друга, откако секоја сте ја намачкале со
малку масло.
Пресечете ги на 4 ленти, секоја со
должина од 7cm.
Ставајте по 2 рамни супени лажици од
мешавината со фета на аголот од секоја
лента и дијагонално диплете во
триаголник.
Редете ги од горе надолу во плехот за
печење и премачкувајте ги со масло.
Време во рерната: 25 минути
Ниво во рерната: 3
White Bread
28 electrolux
Seitenansicht 27
1 2 ... 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36

Kommentare zu diesen Handbüchern

Keine Kommentare