Electrolux ESL46050 Bedienungsanleitung Seite 24

  • Herunterladen
  • Zu meinen Handbüchern hinzufügen
  • Drucken
  • Seite
    / 52
  • Inhaltsverzeichnis
  • LESEZEICHEN
  • Bewertet. / 5. Basierend auf Kundenbewertungen
Seitenansicht 23
5. ОПЦИИ
5.1 Опција за мулти-таблети
Вклучете ја оваа опција само кога ги
користите комбинираните таблети со
детергент.
Оваа опција го исклучува протокот на
средството за плакнење и на солта.
Соодветните показатели се исклучени.
Времетраењето на програмата може да се
зголемува.
Активирање на функцијата мулти-
таблети
Активирајте ја или деактивирајте ја
функцијата мулти-таблети пред да
почнете програма. Не смеете да ја
активирате или деактивирате оваа
функција додека трае некоја
програма.
1. Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување за да го вклучите апаратот.
Проверете дали апаратот е во режим на
поставување. Видете во „ПОСТАВУВАЊЕ
И СТАРТУВАЊЕ ПРОГРАМА“.
2. Притиснете на копчето за мулти-таблети,
показното светло за мулти-таблети се
пали.
Функцијата останува вклучена додека
не ја деактивирате. Притиснете на
копчето за мулти-таблети, показното
светло за мулти-таблети се гаси.
Ако прекинете со употреба на комбинирани
таблети за детергент, пред за започнете со
посебна употреба на детергент, средство за
плакнење и сол за машината за миење,
направете ги овие чекори:
1. Деактивирајте ја функцијата за мулти-
таблети.
2. Нагодете го омекнувачот на вода на
највисоко ниво.
3. Проверете дали садот за сол и дозерот за
средство за плакнење се полни.
4. Започнете ја најкратката програма со
фаза за плакнење, без детергент и без
садови.
5. Поставете го омекнувачот на вода според
тврдоста на водата во вашата област.
6. Нагодете ја ослободената количина на
средството за плакнење.
5.2 Заштеда на енергија
Активирајте или деактивирајте ја
функцијата за Заштеда на енергија
пред почетокот на програмата. Оваа
функција не може да се активира или
деактивира додека програмата
работи.
Оваа функција ја намалува температурата за
време на фазата на сушење. Потрошувачката
на струја се намалува за 25%.
Садовите може да бидат влажни кога
програмата ќе заврши.
5.3 Звучни сигнали
Звучните сигнали работат во следниве
услови:
Програмата е завршена.
Нивото на омекнувач за вода се
прилагодува електронски.
Апаратот е во дефект.
Фабрички поставки: вклучени.
Можете да ги деактивирате звучните
сигнали.
Деактивирање на звучните сигнали
1. Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување за да го вклучите апаратот.
Проверете дали апаратот е во режим на
поставување. Видете во ‘ПОСТАВУВАЊЕ
И ЗАПОЧНУВАЊЕ ПРОГРАМА’.
2. Притиснете и држете ги притиснати
копчињата (4) и (5) истовремено додека
показателите на копчињата (3), (4) и (5) не
почнат да трепкаат.
3. Притиснете го копчето (5),
Показните светла за копчињата (3) и (4)
се гасат.
Показното светло за копчето (5)
продолжува да трепка.
Екранот ги прикажува поставките на
звучните сигнали.
Вклучен
Исклучен
4. Притиснете го копчето (5) за промена на
поставката.
5. Исклучете го апаратот за да потврдите.
24
www.electrolux.com
Seitenansicht 23
1 2 ... 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 ... 51 52

Kommentare zu diesen Handbüchern

Keine Kommentare