Electrolux. Thinking of you.
Видете повеќе како размислуваме на www.electrolux.com
Содржина
Безбедносни информации 2
Опис на производот 4
Контролна табла 5
Прва употреба 8
Персонализација 9
Секојдневна употреба 9
Помошни напомени и совети 12
Програми за перење 14
Нега и чистење 18
Што треба да се направи ако... 23
Технички податоци 25
Потрошувачки вредности 26
Монтажа 26
Поврзување на струјата 29
Еколошки прашања 30
Можноста за промени е задржана
Безбедносни информации
ВАЖНО Внимателно прочитајте и
чувајте за идни потреби.
• Безбедноста на вашиот уред одговара
на индустриските стандарди и на
законските барања за безбедноста на
уредите. Сепак, како производители,
сметаме дека наша должност е да ги
дадеме следниве безбедносни
напомнувања.
• Многу е важно, ова упатство да остане
заедно со уредот за идни потреби.
Доколку уредот се продаде или
пренесе на друг сопственик или се
преселите и го оставите уредот,
внимавајте упатството секогаш да
биде со него, за да може новиот
сопственик да се запознае со
функциите и со важните
предупредувања.
• МОРА да ги прочитате внимателно
пред да го инсталирате или користите
уредот.
• Пред првото пуштање, проверете да
не дошло до оштетување на машината
во текот на транспортот. Никогаш не
поврзувајте оштетена машина.
Доколку има оштетени делови,
обратете се кај Вашиот продавач.
• Ако уредот се испорачува во зимските
месеци, кога температурите се под
нулата: чувајте ја машината за перење
24 часа на собна температура, пред
првпат да ја користите.
Општа безбедност
• Опасно е да ги менувате
спецификациите или да се обидувате
да го модификувате овој производ на
кој било начин.
• Во текот на програмите за миење со
високи температури, стаклото од
вратата може да стане жешко. Не
допирајте го!
• Уверете се дека малите миленичиња
нема да се качат во барабанот. За да
го избегнете ова, проверете го
барабанот пред користење.
• Секакви предмети, како парички,
безопасни, шајки, шрафови, камење
или друг тврд, остар материјал, може
да предизвикаат големо оштетување и
не смеат да се ставаат во машината.
• Користете само препорачани
количини омекнувач и детергент. Со
преполнување можете да
предизвикате оштетување на
ткаенината. Погледнете ги
количините, кои ги препорачува
производителот.
• Перете ги малите предмети, како
чорапи, врвки, колани итн., во
вреќичка за перење или во навлака за
перница, бидејќи е можно тие да се
протнат помеѓу коритото и
внатрешниот барабан.
• Не користете ја машината за перење
на предмети со фишбајн, непорабен
или искинат материјал.
2 electrolux
Kommentare zu diesen Handbüchern