Electrolux EWS126540W Bedienungsanleitung Seite 13

  • Herunterladen
  • Zu meinen Handbüchern hinzufügen
  • Drucken
  • Seite
    / 32
  • Inhaltsverzeichnis
  • LESEZEICHEN
  • Bewertet. / 5. Basierend auf Kundenbewertungen
Seitenansicht 12
штедење енергија со притискање на кое
било копче.
ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ
СОРТИРАЊЕ НА АЛИШТАТА
Следете ги шифрираните симболи за
перење на секој дел од облеката и
упатствата на производителот за
перење. Сортирајте ги алиштата на
следниот начин: бели, во боја,
синтетика, чувствителни, волнени.
ПРЕД СТАВАЊЕ НА АЛИШТАТА
Никогаш не перете заедно бели и
шарени алишта. Белите би можеле да
ја изгубат својата "белина" при
перењето.
Новите
шарени алишта може да
испуштат боја при првото перење;
затоа треба да се перат одвоено
првиот пат.
Закопчајте ги навлаките за перници,
патентите, куките и дрикерите.
Заврзете ги ремените или долгите
ленти.
Отстранете ги тврдокорните дамки пред
перење.
Истријте ги особено извалканите места
со специјален детергент или паста.
Третирајте ги завесите со посебна
грижа
. Извадете ги куките за
закачување или заврзете ги во вреќа
или мрежа.
ОТСТРАНУВАЊЕ ДАМКИ
Можно е, тврдокорните дамки да не
излезат само со вода и детергент.
Оттаму, препорачуваме да ги третирате
пред перењето.
Крв: третирајте ги свежите дамки со
студена вода. Кај исушените дамки,
натопете преку ноќ во вода со
специјален детергент, па
потоа истријте
со сапун и вода.
Боја на база на масло: натопете со
бензински отстранувач на дамки,
положете го делот од облеката на мека
крпа и тапкајте ја дамката; повторете
повеќепати.
Исушени дамки од маст: натопете со
терпентин, положете го делот од
облеката на мека подлога и тапкајте ја
дамката со памучна крпа
на врвовите
од прстите.
Рѓа: оксална киселина, растворена во
жешка вода или производ за
отстранување рѓа, кој се користи
студен. Внимавајте кај старите дамки
од рѓа, бидејќи целулозната структура
веќе е оштетена и ткаенината може да
се продупчи.
Дамки од мувла: третирајте ги со
белило и добро исплакнете (само за
бели алишта и алишта
со трајни бои).
Трева: насапунете малку и третирајте
со белило (само за бели алишта и
алишта со трајни бои).
Пенкало и лепило: натопете со ацетон
1)
, положете го делот од облеката на
мека крпа и тапкајте ја дамката.
Кармин: натопете со ацетон, како што
е опишано погоре, па потоа третирајте
ги дамките со метилни алкохоли.
Третирајте ги сите преостанати трагови
со белило.
Црвено вино: натопете во вода и
детергент, исплакнете и третирајте со
ацетатна или лимонска киселина, па
потоа
исплакнете. Третирајте ги сите
преостанати трагови со белило.
Мастило: зависно од типот на
мастилото, прво натопете ја ткаенината
со ацетон
1)
, па потоа со ацетатна
киселина; третирајте ги сите
преостанати трагови на белите алишта
со белило, па потоа добро исплакнете
ги.
Дамки од катран: прво третирајте со
отстранувач на дамки, метилни
алкохоли или бензин, па потоа истријте
со детергент во паста.
ДЕТЕРГЕНТИ И АДИТИВИ
Добрите резултати на перењето
зависат и од изборот на детергент и
од
користењето на правилните количества
за да се избегне непотребно трошење и
да се заштити животната средина.
1) не употребувајте ацетон на вештачка свила
electrolux 13
Seitenansicht 12
1 2 ... 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 ... 31 32

Kommentare zu diesen Handbüchern

Keine Kommentare