1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажата и употребата на овој апарат, внимателно
прочитајте ги доставените упатства. Производителот не е
одговорен ако неправилната монтажа и употреба предизвикаат
повреди и оштетувања. Секогаш чувајте го упатството со
апаратот за идна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи лица
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од задушување, повреда или траен инвалидитет.
• Не дозволувајте им на лица, вклучително и деца, со
намалени физички сетила, намалени ментални функции или
недостаток на искуство и знаење, да го користат апаратот.
Тие мора да бидат под надзор или да добиваат упатства за
ракување со апаратот од лице кое е одговорно за нивната
безбедност.
• Деца не смеат да играат со апаратот.
• Чувајте го пакувањето настрана од дофат на деца.
• Чувајте ги сите детергенти настрана од дофат на деца.
• Чувајте ги децата и домашните миленичиња настрана од
вратата на апаратот кога е отворена.
• Доколку апаратот има уред за безбедност на деца, ви
препорачуваме да го активирате.
1.2 Општа безбедност
• Пред одржувањето, исклучете го апаратот и исклучете го
кабелот од штекерот за струја.
• Не менувајте ги спецификациите на овој апарат.
• Почитувајте ја максималната количина на полнење 9 kg
(погледнете во поглавјето „Табела со програми“).
2.
ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
МАКЕДОНСКИ 31
Kommentare zu diesen Handbüchern