• Никогаш не гаснете оган со вода, туку исклучете го
апаратот, а потоа покријте го пламенот, на пр. со капак или
специјално противпожарно ќебе.
• Не чувајте предмети на површините за готвење.
• Не користете чистач на пареа за чистење на уредот.
• Металните предмети, како ножеви, виљушки, лажици и
капаци, не треба да се оставаат на површината за готвење
бидејќи може да станат жешки.
• Ако стакло-керамичката површина е напукната, исклучете го
апаратот за да ја избегнете можноста од струен удар.
2.
ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Овој апарат е погоден за следниве пазари:
AL
MK RS TR
2.1 Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Апаратот мора да биде монтиран
само од квалификувано лице.
• Извадете ја целата амбалажа.
• Никогаш не монтирајте и не користете
оштетен апарат.
• Следете ги инструкциите за монтирање
дадени со апаратот.
• Одржувајте минимална оддалеченост од
другите апарати и делови.
• Бидете внимателни кога го преместувате
апаратот затоа што е тежок. Секогаш
носете заштитни ракавици.
• Залепете ги засечените површини со лепак
за да спречите влагата да предизвика
надигнување.
• Заштитете го дното од апаратот од пареа и
влага.
• Не го монтирајте апаратот во близина на
врата или под прозорец. На овој начин ќе
спречите некој жежок сад за готвење да
падне од апаратот кога вратата или
прозорецот се отворени.
• Ако апаратот е монтиран над фиоки,
внимавајте просторот помеѓу дното од
апаратот и горната фиока да е доволен за
циркулација на воздух.
• Проверете дали просторот за вентилација
од 5 mm помеѓу горната работна површина
и предниот дел од апаратот долу е
слободен. Гаранцијата не покрива штета
која е причинета од немање на адекватен
простор за вентилација.
• Дното на апаратот може да стане жежок.
Ви препорачуваме да монтирате
незапалива плоча за одделување под
апаратот за да спречите пристап до дното.
Поврзување на струјата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од пожар и струен удар.
• Сите поврзувања на струјата мора да
бидат направени од квалификуван
електричар.
• Пред секое поврзување треба да
обезбедите главниот терминал на апаратот
да не биде активен.
• Проверете дали апаратот е правилно
монтиран. Лабави и несоодветни
приклучоци за струја и штекери можат да
го прегреат терминалот.
• Проверете дали е монтирана заштитата од
струен удар.
• Внимавајте каблите да не го допираат
апаратот или некој жежок сад за готвење
кога го поврзувате апаратот со блиските
штекери.
• Не оставајте ги каблите да се заплеткаат.
24
www.electrolux.com
Kommentare zu diesen Handbüchern