
4.8 Фиока Freshzone
Фиоката FreshZone е погодна за зачувување
свежа храна како риба, месо, морска храна,
бидејќи температурата таму е пониска од
остатокот на фрижидерот.
4.9 Вадење на корпите за смрзнување од замрзнувачот
2
1
Корпите за смрзнување имаат граничник за
сопирање што спречува нивно случајно
вадење или испаѓање. Кога сакате да ги
извадите од замрзнувачот, повлечете ја
корпата кон себе и, кога ќе дојде до
граничникот, извадете ја корпата кревајќи го
предниот дел нагоре.
Кога ги враќате, кренете го малку предниот
дел на корпата за да ја вметнете во
замрзнувачот. Кога ќе ги поминете
граничниците, турнете ја корпата назад во
положбата.
5. ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ
5.1 Совети за штедење енергија
• Не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго отколку што
е неопходно.
• Доколку околната температура е висока,
регулаторот за температура е на
најголемата поставка и апаратот е целосно
наполнет, компресорот може да работи
непрестано, што ќе предизвика формирање
мраз на испарувачот. Ако се случи тоа,
свртете го регулаторот за температура кон
помалите вредности за да овозможите
автоматско одмрзнување, со што ќе
заштедите и електрична енергија.
5.2 Совети за ладење свежа храна
За да добиете најдобри перформанси:
• не ставајте топла храна или течности што
испаруваат во фрижидерот
• покривајте ја или виткајте ја храната,
особено ако има посилен вкус
• ставајте ја храната така што воздухот може
да кружи слободно околу неа
5.3 Совети за ладење
Корисни совети:
Месо (сите видови): виткајте го во пластични
ќесички и ставајте го на стаклената полица
над фиоката за зеленчук.
Најбезбедно е да го чувате на овој начин
само еден или најмногу два дена.
Зготвена храна, ладни јадења и сл... тие
треба да се покриени и може да се стават на
која било полица.
Овошје и зеленчук: тие треба да се убаво
измиени и ставени во специјалните фиоки за
нив.
Путер и сирење: тие треба да се во посебните
херметички садови или завиткани во
10
www.electrolux.com
Kommentare zu diesen Handbüchern