
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Почекајте најмалку 60
минути по секое користење
на готвењето со пареа за
да спречите излегување на
топла вода од вентилот за
испуштање вода.
Испразнете го садот за вода откако ќе
заврши готвењето со пареа.
ВНИМАНИЕ!
Апаратот станува жежок.
Постои опасност од
изгореници. Внимавајте
кога ја празните фиоката
за вода.
5.7 Индикатор за празен сад
Индикаторот покажува дека садот е
празен и треба да се наполни.
Повеќе информации ќе најдете во
„Готвење на пареа“.
5.8 Показател за полн сад
Индикаторот покажува дека
рерната е подготвена за готвење на
пареа.
Ако налеете премногу вода
во садот, безбедносниот
уред за испуштање ќе го
однесе вишокот вода на
дното на рерната.
Отстранете ја водата со
сунѓер или крпа.
5.9 Празнење на садот за
вода
ВНИМАНИЕ!
Погрижете се апаратот да
се излади пред да почнете
да го празните садот за
вода.
1. Подгответе ја цевката за цедење
(С) вклучена во истиот пакет со
упатството за употреба. Ставете го
конекторот (В) во еден од краевите
на цевката за цедење.
2. Ставете го другиот крај на цевката
за цедење (C) во сад. Ставете ја
во пониска положба од вентилот за
испуштање (А).
3. Отворете ја вратата на печката и
ставете го конекторот (В) во
вентилот за испуштање (A).
4. Притискајте го конекторот
последователно при празнење на
садот за вода.
Садот може да има
малку вода кога е
вклучен показателот
за празен сад.
Почекајте додека
водата не престане да
истекува од вентилот
за испуштање.
5. Кога водата ќе престане да тече,
симнете го конекторот од
вентилот.
Не ја употребувајте
исцедената вода за да го
полните садот за вода
повторно.
МАКЕДОНСКИ 11
Kommentare zu diesen Handbüchern