
6. Поставете го регулаторот на
температурата да добиете максимално
ладење и оставете го апаратот да работи
два-три часа со оваа поставка.
7. Вратете ја извадената храна во комората.
ВАЖНО Никогаш не користете метални
алатки за гребење на мразот од испарувачот,
зашто може да го оштетите. Не користете
механички уреди или вештачки средства за
забрзување на топењето освен оние што ги
препорачува производителот. Покачувањето
на температурата на смрзнатата храна за
време на одмрзнувањето може да го скрати
нивниот век на чување.
Што да сторите ако...
Нормални работни звуци
• Кога разладното средство се пумпа низ
намотките или цевките, може да се слуша
звук на тивко гргорење и клокотење. Тоа е
нормално.
• Кога компресорот е вклучен, средството за
ладење се пумпа низ системот и од него ќе
слушате звуци на шумење и тропање. Тоа е
нормално.
• Термичката дилатација може да
предизвика ненадејни звуци на пукање. Тоа
е природен, безопасен физички феномен.
Тоа е нормално.
• Кога компресорот се вклучува или
исклучува, ќе слушате слабо "кликање" на
температурниот регулатор. Тоа е
нормално.
Технички податоци
Димензија
Височина 1250 mm
Широчина 550 mm
Длабочина 612 mm
Време на одржување 11 h
Техничките информации се наоѓаат на
плочката со спецификации од левата страна
внатре во апаратот и на етикетата за
енергија.
Монтажа
ВНИМАНИЕ Прочитајте ги
"Безбедносните информации"
внимателно пред да го наместите апаратот за
да бидете побезбедни и апаратот да работи
правилно.
Поставување
Наместете го апаратот на место каде што
околната температура е соодветна на
климатската класа укажана на плочката со
спецификации на апаратот:
Климатс
ка класа
Околна температура
SN +10°C до + 32°C
N +16°C до + 32°C
ST +16°C до + 38°C
T +16°C до + 43°C
Задни разделници
Во ќесичката со документацијата има два
разделника што мора да се наместат како што
е прикажано на сликата.
1. Ставете ги разделниците во дупките.
Внимавајте стрелката (А) да е наместена
како што е покажано на сликата.
electrolux 43
Kommentare zu diesen Handbüchern