Electrolux ESF4500ROS Bedienungsanleitung Seite 13

  • Herunterladen
  • Zu meinen Handbüchern hinzufügen
  • Drucken
  • Seite
    / 20
  • Inhaltsverzeichnis
  • LESEZEICHEN
  • Bewertet. / 5. Basierend auf Kundenbewertungen
Seitenansicht 12
Откажување на одложениот
почеток додека работи
одбројувањето
1. Притиснете и држете ги, истовремено,
Program и Option додека не се запали
времетраењето на поставената програма.
2. Притиснете на Start за да започне
програмата.
Откажувањето на одложениот
почеток исто така ги откажува и
поставените опции (освен Multitab).
Погрижете се повторно да ги
поставите опциите пред да
притиснете на Start.
Откажување на програмата
Притиснете и држете ги, истовремено,
Program и Option неколку секунди.
Проверете дали има детергент во
дозерот за детергент пред да
започнете нова програма.
На крај од програмата
Кога програмата за миење ќе заврши, на
екранот ќе се прикаже 0:00.
Показателите за фазата се гасат.
Показателот за програмата продолжува да
свети.
1. Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување или чекајте функцијата Auto
Off автоматски да го исклучи апаратот.
2. Затворете ја славината за вода.
Внимание
Оставете ги садовите да се изладат пред
да ги извадите од апаратот. Жешките
садови лесно се оштетуваат.
Прво испразнете ја долната корпа, а потоа
горната.
Може да има вода на страните и на
вратата на апаратот. Не’рѓосувачкиот
челик се лади побрзо од садовите.
8. ПОМОШ И СОВЕТИ
8.1 Омекнувач за вода
Тврдата вода содржи голема количина на
минерали кои може да го оштетат апаратот и
да дадат лоши резултати во перењето.
Омекнувачот за вода ги неутрализира овие
минерали.
Солта за машината за миење садови го
оддржува омекнувачот за вода чист и во
добра состојба. Важно е да го подесете
вистинското ниво на омекнувач за вода. На
тој начин ќе бидете сигурни дека омекнувачот
за вода ја користи точната количина на сол за
машини за миење садови и вода.
8.2 Употреба на сол, средство за
плакнење и детергент
Користете само сол, средство за плакнење
и детергент за машина за миење садови.
Други производи може да предизвикаат
оштетување на апаратот.
Средството за плакнење помага, за време
на последната фаза на плакнење, за
сушење на садовите без на нив да останат
остатоци и дамки.
Комбинираните таблети со детергент
содржат детергент, средство за плакнење и
други додадени средства. Проверете дали
овие таблети се соодветни за тврдоста на
водата во вашата област. Видете во
упатствата на амбалажата на производите.
Ако сакате да ги користите овие таблети
заради тврдоста на водата, исто така
морате да користите и сол за садови за
миење садови. Прво вклучете ја опцијата
Multitab, потоа приспособете го
омекнувачот за вода во зависност од
областа и користете сол за машини за
миење садови.
Таблетите со детергент не се раствораат
целосно со кратките програми. За да
спречите појава на талог на садовите за
јадење, ви препорачуваме да ги користите
таблетите со долги програми.
Не ставајте повеќе детергент од
препорачаното количество.
Погледнете го упатството на
производителот на детергентот.
МАКЕДОНСКИ 13
Seitenansicht 12
1 2 ... 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20

Kommentare zu diesen Handbüchern

Keine Kommentare