Electrolux ESI47500XR Bedienungsanleitung Seite 11

  • Herunterladen
  • Zu meinen Handbüchern hinzufügen
  • Drucken
  • Seite
    / 20
  • Inhaltsverzeichnis
  • LESEZEICHEN
  • Bewertet. / 5. Basierend auf Kundenbewertungen
Seitenansicht 10
7.2 Поставување и стартување на
програма
Режим на поставување
За некои поставки, апаратот треба да е
поставен во режим за поставување.
Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување за да го вклучите апаратот.
Апаратот е во режим на поставување кога
сите показатели за програмите ќе се запалат
и на екранот ќе се прикажаат 2 хоризонтални
статусни ленти. Ако контролната табла не ја
покаже оваа состојба, притиснете Reset.
Почнување програма без одложен
почеток
1. Отворете ја славината за вода.
2. Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување за да го вклучите апаратот.
Проверете дали апаратот е во режим на
поставување.
3. За да ја поставите програмата, оставете
ја вратата подотворена.
4. Притискајте последователно едно од
програмските копчиња додека не се
вклучи само показателот за програмата
која сакате да ја поставите. Можете да ги
поставите и применливите опции.
Времетраењето на програмата трепка
на екранот.
5. Затворете ја вратата на апаратот,
програмата почнува. Времетраењето на
програмата започнува да се намалува во
чекори од 1 минута.
Стартување програма со одложен
почеток
1. Поставете ја програмата.
2. Притискајте го Delay повторно и повторно
додека на екранот не се прикаже времето
на одложување што сакате да го
поставите (од 1 до 24 часа).
Времето на одложување трепка на
екранот.
3. Затворете ја вратата на апаратот,
одбројувањето започнува.
Одбројувањето е во чекори од 1 час.
Кога ќе заврши одбројувањето, почнува
програмата.
Може да одберете програма за
миење, соодветни опции и одложено
почнување и со затворена врата на
апаратот. Во оваа состојба, имате
само 3 секунди после секоја поставка
пред апаратот автоматски да започне
со работа.
Отворање на вратата додека
апаратот работи
Ако ја отворите вратата, апаратот запира.
Кога ќе ја затворите вратата, апаратот
продолжува од точката на прекинот.
Откажување на одложениот
почеток додека работи
одбројувањето
Кога ќе го откажете одложениот почеток, се
откажува и програмата.
1. Притиснете го Reset. Сите показатели за
програма се вклучуваат и на екранот се
прикажани 2 хоризонтални статусни
ленти.
2. Поставете ја програмата повторно.
Откажување на програмата
1. Притиснете го Reset. Сите показатели за
програма се вклучуваат и на екранот се
прикажани 2 хоризонтални статусни
ленти.
Проверете дали има детергент во
дозерот за детергент пред да
почнете нова програма.
На крај на програмата
На екранот се прикажува 0.
1. Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување за да го исклучите апаратот.
2. Затворете ја славината за вода.
Ако не го притиснете копчето за
вклучување/исклучување, функцијата
Auto Off автоматски го исклучува
апаратот неколку минути по крајот на
програмата.
Ова помага да се намали
потрошувачката на енергија.
МАКЕДОНСКИ 11
Seitenansicht 10
1 2 ... 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 ... 19 20

Kommentare zu diesen Handbüchern

Keine Kommentare