Electrolux EWT10115W Grundlegende Anleitung Seite 14

  • Herunterladen
  • Zu meinen Handbüchern hinzufügen
  • Drucken
  • Seite
    / 64
  • Inhaltsverzeichnis
  • LESEZEICHEN
  • Bewertet. / 5. Basierend auf Kundenbewertungen
Seitenansicht 13
Пуштање програма за перење
Прва употреба
Уверете се дека приклучувањето на
струјата и на водата се во согласност
со упатствата за упатство за
инсталација.
Отстранете ги влошката од стиропор и сите
останати предмети од барабанот.
Пуштете почетен циклус на перење, на
90°C, без алишта, но со детергент, за да го
измиете резервоарот за вода.
Секојдневна употреба
Полнење алишта
Отворете го
капакот на
машината.
Отворете го
барабанот
притискајќи го
копчето за
заклучување А:
Двете вратички
се отклучуваат
автоматски.
Ставете алишта, затворете ги барабанот и
капакот на машината.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Пред да го
затворите капакот на машината,
проверете дали барабанот е правилно
затворен:
Кога двете вратички се затворени,
копчето за заклучување А е отпуштено.
Дозирање детергент
Всипете ја количината прашок во одделот за
перење
и за претперење , ако сте ја
избрале опцијата "претперење". Ставете
омекнувач за алишта во дозерот
, ако е
потребно.
Одбирање програма
Завртете го програматорот на саканата
програма. Копчето " Старт/Пауза"
трепка
зелено.
Ако го свртите програматорот на друга
програма додека трае некој циклус, апаратот
нема да ја регистрира новоодбраната
програма. Копчето " Старт/Пауза"
трепка
црвено неколку секунди.
Одбирање температура
Притискајте го копчето " Температура"
повеќепати за да ја зголемите или намалите
температурата (видете ја "Табелата со
програми"). Симболот
значи студено
перење.
Одбирање брзина на центрифугата
Завртете го селекторот на брзината на
центрифугирање на саканата брзина.
Максималните брзини на центрифугата се:
A
Памук, Еко, Волна, Рачно перење, Џинс : 1000
врт/мин (EWT10115W), 900 врт/мин
(EWT9125W), Синтетика, Лесно пеглање : 900
врт/мин, Нежни : 700 врт/мин.
На крајот на програмата, ако сте одбрале "
Задржано плакнење"
или " Ноќен циклус
плус"
, потоа треба да ја одберете
програмата " Центрифуга"
или " Црпење"
за да се заврши циклусот и да се исцрпи
водата.
Одбирање опции
Опциите за програмата треба да ги одберете
откако ќе ја поставите програмата, но пред да
го притиснете копчето " Старт/Пауза"
(видете во "Табела со програми"). Притиснете
ги потребните копчиња: се палат соодветните
светла. Ако ги притиснете повторно, светлата
се гасат. Ако некоја од опциите не е
компатибилна со одбраната програма,
копчето " Старт/Пауза"
трепка црвено.
Опција " Плакнење плус"
Машината за перење ќе додаде едно или
повеќе плакнења во текот на циклусот. Оваа
опција се препорачува за лица со
чувствителна кожа и за подрачја со мека вода.
Привремено: Притиснете го копчето "
Плакнење плус"
. Опцијата е активна само
за одбраната програма.
Трајно: Држете ги притиснати копчињата "
Температура"
и " Одредување на времето"
неколку секунди. Опцијата е активирана
трајно, дури и ако апаратот се исклучи. За да
ја исклучите, повторете го истото.
" Одложено почнување"
Оваа опција овозможува одложување на
почнувањето на програмата за перење за 2, 4
или 6 часа со притискање на копчето "
Одложено почнување"
.
Може да го смените или откажете времето за
одложено почнување кога било пред да го
притиснете копчето " Старт/Пауза"
притискајќи го копчето " Одложено
почнување"
повторно (кога сите показни
светла се изгаснати, програмата за перење ќе
почне веднаш).
14 electrolux
Seitenansicht 13
1 2 ... 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 ... 63 64

Kommentare zu diesen Handbüchern

Keine Kommentare