Electrolux EWW1686HDW Bedienungsanleitung Seite 4

  • Herunterladen
  • Zu meinen Handbüchern hinzufügen
  • Drucken
  • Seite
    / 56
  • Inhaltsverzeichnis
  • LESEZEICHEN
  • Bewertet. / 5. Basierend auf Kundenbewertungen
Seitenansicht 3
2.1 Монтажа
Отстранете ја сета амбалажа и
транспортните завртки.
Задржете ги транспортните завртки. Кога
повторно ќе го преместувате апаратот,
мора да го блокирате барабанот.
Немојте да монтирате ниту да користите
оштетен апарат.
Не монтирајте го и не користете го
апаратот на места каде што температурата
е пониска од 0°C или каде што е изложен
на атмосферски влијанија.
Придржувајте се до упатството за монтажа
приложено со апаратот.
Проверете дали подот на кој го монтирате
апаратот е рамен, стабилен, отпорен на
топлина и чист.
Не монтирајте го апаратот на места каде
што вратата на апаратот не може целосно
да се отвори.
Секогаш внимавајте кога го преместувате
апаратот затоа што е тежок. Секогаш
носете заштитни ракавици.
Проверете дали воздухот циркулира меѓу
апаратот и подот.
Приспособете ги ногалките за да има
доволно простор меѓу апаратот и килимот.
Поврзување со струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од пожар и струен удар.
Апаратот мора да биде заземјен.
Проверете дали информациите за
напојување со струја на плочката со
спецификации се совпаѓаат со
напојувањето со струја. Доколку не се
совпаѓаат, контактирајте со електричар.
Секогаш користете правилно монтиран
штекер отпорен на струјни удари.
Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжени кабли.
Погрижете се да не предизвикате штета на
приклучокот и кабелот за струја. Доколку
кабелот за струја на апаратот треба да се
замени, тоа мора да го направи нашиот
сервисен центар.
Поврзете го приклучникот за струја со
штекерот дури на крајот на монтирањето.
Проверете дали штекерот за струја е
пристапен по монтирањето.
Не повлекувајте го кабелот за струја за да
го исклучите апаратот. Секогаш
повлекувајте го приклучникот.
Не допирајте го кабелот за струја или
приклучникот со влажни раце.
Овој апарат е усогласен со Директивите на
ЕЕЗ.
Поврзување со вода
Потрудете се да не ги оштетите цревата за
вода.
Апаратот треба да се поврзе со довод на
вода со користење на дадените нови
комплети на црева. Не смеат повторно да
се користат старите комплети на црева.
Пред да го поврзете апаратот со нови
цевки или цевки што не биле користени
подолго време, водата нека тече додека не
започне да тече чиста вода.
Кога за прв пат го користите апаратот,
проверете дали од некаде протекува.
2.2 Употребa
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од повреди, струен удар,
пожар, изгореници или оштетување
на апаратот.
Користете го апаратот само во домашни
услови.
Не менувајте ги спецификациите на овој
апарат.
Не ставајте запаливи производи или
предмети натопени со запаливи средства
во, блиску до, или на апаратот.
Не допирајте го стаклото на вратата
додека програмата е во функција. Стаклото
може да биде жешко.
Погрижете се да ги тргнете сите метални
предмети од алиштата за перење.
Последниот дел од циклусот на сушење се
прави без топлина (циклус на ладење) за
да се осигураме дека нема да има
оштетување на алиштата.
Ако го запрете апаратот пред крајот на
циклусот на сушење, веднаш извадете ги и
испружете ги сите алишта за да може
топлината да се изгуби.
Ако користите детергент, омекнувач за
алишта или слични производи, следете ги
упатствата од пакувањето.
4
www.electrolux.com
Seitenansicht 3
1 2 3 4 5 6 7 8 9 ... 55 56

Kommentare zu diesen Handbüchern

Keine Kommentare