
• смрзнувањето трае 24 часа. Не треба
да се додава храна за смрзнување во
тој период;
• смрзнувајте само квалитетна, свежа и
убаво измиена храна;
• поделете ја храната во мали порции за
да може брзо и целосно да се смрзне
и за да овозможите одмрзнување само
на потребните количества;
• завиткајте ја храната во алуминиумска
или пластична фолија убаво и
стегнато;
• не дозволувајте свежата несмрзната
храна да ја допира храната што е веќе
смрзната, за да не ја загреете вторава;
• немасната храна се чува подобро и
подолго отколку масната; солта го
намалува векот на чување на храната;
• водениот мраз, ако се конзумира
веднаш по вадењето од преградата на
замрзнувачот, може да предизвика
смрзнатици на кожата;
• препорачливо е да се запише датумот
на смрзнување на секое пакување за
да можете да водите сметка за
времето на смрзнатост.
Совети за чување смрзната храна
За да добиете најдобри перформанси од
апаратот, почитувајте ги следниве
напомени:
• проверувајте дали комерцијалните
смрзнати прехранбени продукти биле
соодветно чувани кај продавачот;
• внимавајте смрзнатите прехранбени
продукти да се пренесат од
продавницата до замрзнувачот во
најкраток можен рок;
• не отворајте го капакот често и не
оставајте го отворен подолго отколку
што е неопходно.
• Штом ќе се одмрзне, храната се
расипува брзо и не може повторно да
се смрзне.
• Не надминувајте го препорачаниот
период за чување.
Нега и чистење
ВНИМАНИЕ Исклучете го апаратот
од струја пред да вршите каква било
постапка за одржување.
Апаратот содржи јагленохидрати во
уредот за ладење; одржувањето и
повторното полнење може да ги
вршат само овластени техничари.
Периодично чистење
1. Исклучете го апаратот.
2. Извадете го приклучникот за струја
од штекерот.
3. Редовно чистете ги апаратот и
додатоците со топла вода и
неутрален сапун. Чистете ја гумата
на капакот внимателно.
4. Целосно исушете го апаратот.
5. Ставете го приклучникот за струја во
штекерот.
6. Вклучете го апаратот.
ВНИМАНИЕ Не користете
детергенти, груби производи, многу
парфимирани средства за чистење
или восок за полирање за чистење
на внатрешноста на апаратот.
Спречете оштетувања на системот
за ладење.
ВАЖНО Нема потреба да се чисти
компресорот и околу него.
Многу средства за чистење кујнски
површини содржат хемикалии што може
да ј а наг р и зат и ли о ш тета т пла с т ика т а на
апаратот. Поради тоа, се препорачува
надворешноста на апаратот да се чисти
само со топла вода со малку течност за
миење.
Одмрзнување на замрзнувачот
Одмрзнете го замрзнувачот кога слојот
мраз ќе достигне дебелина од околу
10-15 mm.
Најдобро време за одмрзнување е кога
замрзнувачот е празен или содржи
малку храна.
За да го отстраните мразот, постапете на
следниов начин:
1. Исклучете го апаратот.
2. Извадете ја храната, завиткајте ја во
неколку слоја весник и ставете је на
студено место.
electrolux 27
Kommentare zu diesen Handbüchern