
3. Оставете го капакот отворен,
извадете го капакот од одводот за
одмрзната вода и соберете ја водата
во сад. Користете гребач за брзо
отстранување на мразот.
4. Кога ќе заврши одмрзнувањето,
исушете ја внатрешноста темелно и
вратете го капакот на место.
5. Вклучете го апаратот.
6. Поставете го регулаторот на
температурата да добиете
максимално ладење и оставете го
апаратот да работи два-три часа со
оваа поставка.
7. Вратете ја извадената храна во
комората.
ВАЖНО Не користете метални алатки за
гребење на мразот, зашто може да го
оштетите апаратот. Не користете
механички уреди или вештачки средства
за забрзување на топењето освен оние
што ги препорачува производителот.
Покачувањето на температурата на
смрзнатата храна за време на
одмрзнувањето може да го скрати
нивниот век на чување.
Периоди неработење
Кога апаратот не се користи подолго
време, преземете ги следниве
предострожности:
1. Исклучете го апаратот.
2. Извадете го приклучникот за струја
од штекерот.
3. Извадете ја сета храна.
4. Одмрзнете ги и исчистете ги
апаратот и сите додатоци.
5. Оставете го капакот отворен за да
спречите непријатни мириси.
ВАЖНО Ако фрижидерот треба да
остане вклучен, замолете некого да го
проверува повремено за да не се случи
храната да се расипе во случај на
снемување струја.
Што да сторите ако...
ВНИМАНИЕ Пред решавање на
проблемите, извадете го
приклучникот за струја од штекерот.
Само квалификуван електричар или
компетентно лице смее да ги решава
проблемите што не се опишани во
упатството.
ВАЖНО За време на нормалната
употреба се слушаат звуци (од
компресорот и од кружењето на
средството за ладење).
Проблем Веројатна причина Решение
Апаратот е бучен. Апаратот не е добро потпрен. Проверете дали апаратот стои
стабилно (сите четири ногарки
треба да се на подот).
Компресорот работи
непрекинато.
Температурата не е
поставена правилно.
Ставете на повисока
температура.
Капакот бил отворан премногу
често.
Не оставајте го капакот отворен
подолго отколку што е
потребно.
Капакот не е добро затворен. Проверете дали капакот се
затвора добро и дали
заптивките се неоштетени и
чисти.
Биле ставени големи
количества храна за
смрзнување истовремено.
Почекајте неколку часа и
повторно проверете ја
температурата.
Храната ставена во апаратот
била многу топла.
Оставете храната да се излади
до собна температура пред да
ја ставите внатре.
28 electrolux
Kommentare zu diesen Handbüchern