
Нега и чистење
Исчистете го апаратот по секоја
употреба.
Секогаш користете садови со чисто дно.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Остри и
абразивни средства за чистење го
оштетуваат апаратот.
Од безбедносни причини, не чистете
го апаратот со парочистач или
чистачи под висок притисок.
Гребаниците и темните дамки на
стакло-керамиката не влијаат врз
работата на апаратот.
Отстранување на нечистотијата:
1. – Веднаш отстранете: стопена
пластика, пластична фолија и
храна што содржи шеќер.
Употребете специјална гребалка за
саткло-керамика. Поставете ја
гребалката под агол врз стакло-
керамичката површина и
отстранете ги остатоците лизгајќи
со сечивото по површината.
– Пред секое чистење, исклучете го
апаратот и оставете го да се
излади . прстени од бигор, водени
прстени, дамки од маснотии,
светкави метални промени на
бојата. Користете специјално
средство за чистење стакло-
керамика или не`рѓосувачки челик.
2. Исчистете го апаратот со мокра крпа
и малку детергент.
3. На крајот, истријте го апаратот со
чиста крпа.
Што да сторите ако...
Проблем Можна причина и решение
Апаратот не работи. • Нагодете јачина.
• Прегледајте го осигурувачот од електричната инсталација
на домот. Ако осигурувачот постојано избива,
консултирајте се со овластен електричар.
Светлото за преостанатата
топлина не се пали.
Ринглата не е жешка бидејќи работела кусо време. Ако
ринглата треба да биде жешка, јавете се на сервис.
Ако сте се обиделе со сите погоре
наведени решенија и сепак не можете да
го отстраните проблемот, обратете се во
службата за односи со корисниците.
Наведете ги податоците од плочката со
технички податоци, троцифрената
шифра за стакло-керамика (се наоѓа во
аголот на плочата за готвење) и
пораката за грешка која се пали.
Ако неправилно сте ракувале со уредот,
сервисирањето од страна на сервисниот
техничар или на дилерот нема да биде
бесплатна, дури и во гарантниот период.
Упатствата за службата за односи со
корисниците и за условите на
гаранцијата се наведени во гарантниот
лист.
Еколошки прашања
Отстранете го Вашиот истрошен уред
според прописите кои важат во Вашето
место на живеење.
Амбалажа
Материјалите од амбалажата се
еколошки подносливи и можат да се
рециклираат. Пластичните
компоненти се идентификуваат со
ознаките: >PE<,>PS<, итн.
Отстранете ја амбалажата како
домашен отпад во општинските
депонии.
6 electrolux
Kommentare zu diesen Handbüchern