Electrolux EHF3920BOK Bedienungsanleitung Seite 25

  • Herunterladen
  • Zu meinen Handbüchern hinzufügen
  • Drucken
  • Seite
    / 56
  • Inhaltsverzeichnis
  • LESEZEICHEN
  • Bewertet. / 5. Basierend auf Kundenbewertungen
Seitenansicht 24
или кабелот за струја. Контактирајте со
сервисот или со електричар за да го
заменат оштетениот кабел за струја.
Електричната инсталација мора да има
изолациски уред кој што ви овозможува да
го исклучите апаратот од приклучокот за
струја од сите полови. Изолацискиот уред
мора да има контактен отвор со ширина од
најмалку 3 mm.
Користете само соодветни уреди за
изолација: заштитни прекинувачи на
линија, осигурувачи (осигурувачи на
вртење извадени од држачот), заземјување
и контактори.
2.2 Употребa
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Постои опасност од повреда,
изгореници или струен удар.
Користете го апаратот само во домашни
услови.
Не менувајте ги спецификациите на овој
апарат.
Не оставајте го апаратот без надзор
додека работи.
Не ракувајте со апаратот со влажни раце
или кога тој има контакт со вода.
Не ставајте прибор за јадење или капаци
од тенџериња на ринглите. Тие може да
станат жешки.
Поставувајте ги ринглите на „исклучено“ по
секоја употреба.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од пожар или експлозија.
При загревање, маснотиите и маслото
можат да испуштаат запаливи пареи.
Држете го огнот или загреаните предмети
подалеку од маснотиите и маслата кога
готвите со нив.
Пареата што ја испушта маслото коешто е
многу жешко може да предизвика спонтано
запалување
Искористеното масло кое може да содржи
остатоци од храна, може да предизвика
пожар на пониска температура од маслото
што се користи за прв пат.
Не ставајте запаливи производи или
предмети натопени со запаливи средства
во, блиску до, или на апаратот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од оштетување на
апаратот.
Не чувајте жешки садови за готвење на
контролната табла.
Не оставајте ги садовите за готвење да
вријат на суво.
Не вклучувајте ги ринглите со празни
садови за готвење или без садови за
готвење.
Внимавајте предметите или садовите за
готвење да не паднат на апаратот. Може
да се оштети површината.
Не ставајте алуминиумска фолија на
апаратот.
Не дозволувајте кисели течности, како што
е оцетот, лимоновиот сок или средствата
за отстранување бигор да допрат до
површината за готвење. Ова ќе создаде
матирани делови.
2.3 Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од оштетување на
апаратот.
Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на материјалот на
површината.
Не користете вода во спреј или пареа за
чистење на уредот.
Исчистете го апаратот со навлежнета мека
крпа. Користете само неутрални
детергенти. Не користете абразивни
средства, сунѓери со жица, растворувачи
или метални предмети.
2.4 Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од повреда или задушување.
Контактирајте со општинската власт за да
добиете информации за правилно
расходување на апаратот.
Исклучете го апаратот од струја.
Отсечете го кабелот за струја и фрлете го.
МАКЕДОНСКИ 25
Seitenansicht 24
1 2 ... 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 ... 55 56

Kommentare zu diesen Handbüchern

Keine Kommentare