Electrolux EN2900AOW Bedienungsanleitung Seite 36

  • Herunterladen
  • Zu meinen Handbüchern hinzufügen
  • Drucken
  • Seite
    / 68
  • Inhaltsverzeichnis
  • LESEZEICHEN
  • Bewertet. / 5. Basierend auf Kundenbewertungen
Seitenansicht 35
алуминиумска фолија или пластични ќесички
за да се спречи допирот со воздух.
Шишиња: тие треба да имаат капаче и да се
ставаат на полицата за шишиња на вратата.
Бананите, компирите, кромидот и лукот, ако
не се спакувани, не смеат да се чуваат во
фрижидер.
5.5 Совети за смрзнување
За најдобро користење на смрзнувањето, еве
неколку важни совети:
максималното количество храна што може
да се смрзне за 24 часови е покажано на
плочката со спецификации;
смрзнувањето трае 24 часа. Не треба да се
додава храна за смрзнување во тој период;
смрзнувајте само квалитетна, свежа и
убаво измиена храна;
поделете ја храната во мали порции за да
може брзо и целосно да се смрзне и за да
овозможите одмрзнување само на
потребните количества;
завиткајте ја храната во алуминиумска или
пластична фолија убаво и стегнато;
не дозволувајте свежата несмрзната храна
да ја допира храната што е веќе смрзната,
за да не ја загреете вторава;
немасната храна се чува подобро и
подолго отколку масната; солта го
намалува векот на чување на храната;
водениот мраз, ако се конзумира веднаш
по вадењето од преградата на
замрзнувачот, може да предизвика
смрзнатици на кожата;
препорачливо е да се запише датумот на
смрзнување на секое пакување за да
можете да водите сметка за времето на
смрзнатост.
5.6 Совети за чување смрзната
храна
За да добиете најдобри перформанси од
апаратот, почитувајте ги следниве напомени:
проверете дали комерцијалните смрзнати
прехранбени продукти биле соодветно
чувани кај продавачот;
погрижете се смрзнатите прехранбени
продукти да се пренесат од продавницата
до замрзнувачот во најкраток можен рок;
не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго отколку што
е неопходно;
штом ќе се одмрзне, храната се расипува
брзо и не може повторно да се смрзне;
не надминувајте го препорачаниот период
за чување означен од страна на
производителот.
6. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
6.1 Чистење на внатрешноста
Пред првото користење на апаратот, измијте
ја внатрешноста и сите внатрешни додатоци
со млака вода и неутрален сапун за да се
отстрани карактеристичниот мирис на новите
производи, а потоа темелно избришете ги.
Не користете детергенти или
абразивни прашоци бидејќи можат да
ја оштетат политурата.
ВНИМАНИЕ
Исклучете го апаратот од струја пред
да вршите каква било постапка за
одржување.
Овој апарат содржи хидрокарбонати
во одделот за ладење; затоа
оддржувањето и повторното полнење
мора да биде направено од
овластени техничари.
6.2 Периодично чистење
Опремата треба редовно да се чисти:
измијте ги внатрешноста и додатоците со
млака вода и малку неутрален сапун.
редовно проверувајте ги заптивките на
вратата и бришете ги за да бидат чисти и
без остатоци од храна.
избришете и исушете целосно.
36
www.electrolux.com
Seitenansicht 35
1 2 ... 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 ... 67 68

Kommentare zu diesen Handbüchern

Keine Kommentare