
1
Фиоки за овошје
2
Стаклени полици
3
Држач за шишиња
4
Термостат
5
Полица за путер
6
Полица на вратата
7
Полица за шишиња
8
Корпа за замрзнување храна
9
Корпа за замрзнување храна
10
Корпа за замрзнување храна
11
Плочка со спецификации
3. РАКУВАЊЕ
3.1 Вклучување
Вметнете го приклучникот во ѕиден штекер.
Свртете го регулаторот на температурата
надесно до средната поставка.
3.2 Исклучување
За да го исклучите апаратот, свртете го
регулаторот на температурата во положба
"O".
3.3 Регулирање на температурата
Температурата се регулира автоматски.
За да работите со апаратот, постапете на
следниов начин:
• свртете го регулаторот на температурата
кон помалата поставка за да постигнете
минимално ладење.
• свртете го регулаторот на температурата
кон поголемата поставка за да постигнете
максимално ладење.
Средната поставка, општо земено, е
најпогодна.
Меѓутоа, точната поставка треба да се
одбере имајќи предвид дека температурата
во внатрешноста на апаратот зависи од:
• собната температура
• колку често се отвора вратата
• количеството храна што се чува
• местоположбата на апаратот.
Ако околната температура е висока
или апаратот е целосно наполнет, а
апаратот е поставен на најниската
температура, може да работи
непрестано што ќе предизвика да се
формира мраз на задниот ѕид. Во тој
случај, тркалцето мора да се постави
на повисока температура за да се
овозможи автоматско одмрзнување,
а со тоа и помала потрошувачка на
енергија.
4. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
4.1 Чување на замрзната храна
По првото вклучување или по извесен период
на некористење, пред да ставите производи
во преградата, оставете го апаратот да
работи најмалку 2 часа.
Корпите на замрзнувачот ви овозможуваат
брзо и лесно наоѓање на пакетот со храна
што го барате. Ако треба да зачувате голема
количина на храна, извадете ги сите фиоки
освен долната корпа којашто треба да биде
на своето место за да обезбеди добра
циркулација на воздухот. На сите полици
освен горната може да ставите храна којашто
е испакната најмногу 15 mm од вратата.
Во случај на случајно одмрзнување,
на пример поради снемување струја,
ако немало струја подолго време од
вредноста прикажана под ставката
„време на кревање“ во табелата за
технички карактеристики,
одмрзнатата храна мора да се
консумира брзо или да се зготви
веднаш, а потоа повторно да се
смрзне (откако ќе се излади).
4.2 Замрзнување на свежа храна
Преградата за замрзнување е погодна за
замрзнување на свежа храна и за долгорочно
52
www.electrolux.com
Kommentare zu diesen Handbüchern