маслиново масло додека не стане
проѕирен. Во кромидот додајте ги
оризот со долго зрно, пињолите,
рибизлите и сечканиот магдонос и
зачинете со сол, црн пипер и сок од
лимон. Наполнете ги лигњите со
мешавината и добро затворете го
отворот.
Ставете четири супени лажици
маслиново масло во тава на рингла и
запржете ги лигњите. Додајте вино и
сос од домати. Покријте ја тавата со
капак и ставете ја во рерната.
• Време во апаратот (мин): 60
• Ниво на решетка: 1
3. МЕСО ОД ЖИВИНА
3.1 Пилешки копани:
За 2-4 лица.
Состојки:
• 4 пилешки копани од по 250 g
• 250 g кисела павлака
• 125 ml слатка павлака
• 1 лажичка сол
• 1 лажичка црвен пипер
• 1 лажичка кари
• 1/2 лажичка црн пипер
• 250 g сечкани конзервирани
печурки
• 20 g пченкарен скроб
Метод:
Исчистете ги пилешките копани и
ставете ги во сад за печење.
Измешајте ги останатите состојки и
истурете ја мешавината врз
пилешките копани.
• Време во апаратот (мин): 55
• Ниво на решетка: 1
3.2 Полнети пилешки гради:
Спанаќ во сос од шафран
Состојки:
За 6 лица
• 400 g спанаќ, обарен
• 1 прстофат сол
• 100 g дупли крем од сирење со
пиперка
• Свежо мелен црн бибер
• 6 пилешки гради
• 2 супени лажици сок од лимон
• 1 кафена лажичка сенф
• 100 ml бело вино
• 150 ml лесна пилешка супа
• 1 врзоп шафран
• 150 ml дупли крем
• 1/2 кафена лажичка лимонов сок
Метод:
Ставете настрана 20 – 24 големи
листови спанаќ. Исцедете ги нежно
останатите листови и исечкајте ги на
големи парчиња со нож. Потоа
измешајте ги со дуплиот крем од
сирење и зачинете со сол и бибер.
Пилешките гради засечете ги на
половина формирајќи џеб. Наполенте
ги со спанаќ и затворете ги пилешките
гради со чечкалици.
Попрскајте со лимонов сок и
премачкајте ги со сенф. Потоа
зачинете малку со сол и црн бибер. На
крај, завиткајте ги градите со листови
од спанаќот којшто сте го тргнале
настрана. Ставете ги градите во
издупчен сад и гответе на пареа со
помош на функцијата за готвење на
пареа. Намалете го белото вино и
супата до 100 ml во тенџерето. Потоа
додајте го шафранот и дуплиот крем.
Ставете го лимоновиот сок во сосот,
додавајќи сол и бибер по потреба.
Извадете ги чечкалиците од
пилешките гради. Пресечете ги
градите. Ставете малку од сосот на
чинијата и ставете ги пилешките гради
врз него.
• Време во апаратот: 35 минути
• Ниво на решетка: 3
3.3 Coq au Vin:
За 2-4 лица.
Состојки:
4
Kommentare zu diesen Handbüchern