
НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ Исклучете го апаратот
од струја пред да вршите каква
било постапка за одржување.
Апаратот содржи јагленохидрати во
уредот за ладење; одржувањето и
повторното полнење може да ги
вршат само овластени техничари.
Периодично чистење
Опремата треба да се чисти редовно:
• измијте ги внатрешноста и
додатоците со млака вода со малку
неутрална сапуница.
• редовно проверувајте ги заптивките
на вратата и бришете ги за да бидат
чисти и без нечистотии
.
• избришете и исушете целосно.
ВАЖНО Не влечете ги, не поместувајте
ги и не оштетувајте ги цевките и
каблите во фрижидерот.
Не користете детергенти, груби
прашоци, многу парфимирани средства
за чистење или восок за полирање за
чистење на внатрешноста, бидејќи така
може да се оштетат површините и да
остане силен мирис.
Чистете ги кондензаторот (
црната
решетка) и компресорот од задната
страна на апаратот со четка или
правосмукалка. Со тоа се подобрува
работењето на апаратот и се штеди
електрична енергија.
ВАЖНО Внимавајте да не го оштетите
системот за ладење.
Многу средства за чистење кујнски
површини содржат хемикалии што
може да ја нагризат или оштетат
пластиката на апаратот. Поради тоа, се
препорачува
надворешноста на
апаратот да се чисти само со топла
вода со малку течност за миење.
По чистењето, приклучете ја повторно
опремата во електричната мрежа.
Одмрзнување
За време на нормална употреба, секој
пат кога компресорот на моторот се
исклучува сланата автоматски се
елиминира од испарувачот . Водата од
одмрзнувањето истекува во посебен
сад од задната страна на
апаратот, над
моторниот компресор, од којшто
испарува.
Од време на време важно е да се
исчисти дупката за истекување на
водата од одмрзнување што се наоѓа
во средината на каналот на апаратот за
да се спречи претекување и капење
внатре. Користете го приложениот
специјален чистач, што ќе го најдете
веќе вметнат во дупчето за истекување
.
30 electrolux
Kommentare zu diesen Handbüchern