
Може да одберете програма за
миење и одложен почеток и со
затворена врата на апаратот. Во
оваа состојба, имате само 3 секунди
после секоја поставка пред да
започне да работи апаратот.
Отворање на вратата додека
апаратот работи
Ако ја отворите вратата, апаратот запира.
Кога ќе ја затворите вратата, апаратот
продолжува од точката на прекинот.
Откажување на одложениот
почеток додека работи
одбројувањето
Притиснете и држете ги функциските копчиња
(В) и (С) истовремено додека не се вклучат
сите програмски показатели и додека на
екранот не се прикажат 2 хоризонтални
статусни ленти.
Кога ќе откажете одложен почеток,
апаратот се враќа во режим на
поставување. Морате повторно да ја
поставите програмата.
Откажување на програмата
Притиснете и држете ги функциските копчиња
(В) и (С) истовремено додека не се вклучат
сите програмски показатели и додека на
екранот не се прикажат 2 хоризонтални
статусни ленти.
Проверете дали има детергент во
дозерот за детергент пред да
започнете нова програма.
На крај од програмата
Кога програмата за миење ќе заврши, на
екранот ќе се прикаже 0. Показателот за крај
се вклучува, а показателот за миење се гаси.
1. Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување за да го исклучите апаратот.
2. Затворете ја славината за вода.
Ако не го притиснете копчето за
вклучување/исклучување, уредот
Auto Off автоматски го деактивира
апаратот по неколку минути. Ова
помага да се намали потрошувачката
на енергија.
• Оставете ги садовите да се
изладат пред да ги извадите од
апаратот. Жешките садови лесно
се оштетуваат.
• Прво испразнете ја долната корпа,
а потоа горната.
• Може да има вода на страните и
на вратата на апаратот.
Не’рѓосувачкиот челик се лади
побрзо од садовите.
8. ПОМОШ И СОВЕТИ
8.1 Омекнувач за вода
Тврдата вода содржи голема количина на
минерали кои може да го оштетат апаратот и
да дадат лоши резултати во перењето.
Омекнувачот за вода ги неутрализира овие
минерали.
Солта за машината за миење садови го
оддржува омекнувачот за вода чист и во
добра состојба. Важно е да го подесете
вистинското ниво на омекнувач за вода. На
тој начин ќе бидете сигурни дека омекнувачот
за вода ја користи точната количина на сол за
машини за миење садови и вода.
8.2 Полнење на корпите
Видете во доставениот проспект со
примери за полнење на корпите.
• Користете го апаратот за да миете садови
кои се сигурни за машина за миење на
садови.
• Не ставајте во апаратот предмети кои се
направени од дрво, габрово дрво,
алуминиум, калај и бакар.
• Не ставајте во апаратот предмети што
впиваат вода (сунѓери, алишта).
• Отстранете ја преостанатата храна од
предметите.
12
www.electrolux.com
Kommentare zu diesen Handbüchern