
намалува рокот на чување на
замрзнатата храна;
• водениот мраз, ако се конзумира
веднаш по вадењето од преградата
на замрзнувачот, може да
предизвика смрзнатини на кожата;
• препорачливо е да се запише
датумот на замрзнување на секое
пакување за да можете да водите
сметка за времето на чување.
6.4 Совети за чување
замрзната храна
За да добиете најдобри перформанси
од апаратот, почитувајте ги следниве
напомени:
• проверете дали готовите замрзнати
прехранбени продукти биле
соодветно чувани кај продавачот;
• погрижете се замрзнатите
прехранбени продукти да се
пренесат од продавницата до
замрзнувачот во најкраток можен
рок;
• не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго
отколку што е неопходно;
• штом ќе се одмрзне, храната се
расипува брзо и не може повторно
да се замрзне;
• не надминувајте го препорачаниот
период за чување означен од
страна на производителот.
7. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
7.1 Општи предупредувања
ВНИМАНИЕ!
Исклучете го апаратот од
струја пред да вршите
каква било постапка за
одржување.
Овој апарат содржи
хидрокарбонати во
одделот за ладење; затоа
оддржувањето и
повторното полнење мора
да биде направено од
овластени техничари.
Додатоците и деловите од
апаратот не се соодветни
за миење во машина за
миење на садови.
7.2 Чистење на внатрешноста
Пред првото користење на апаратот,
измијте ја внатрешноста и сите
внатрешни додатоци со млака вода и
неутрален сапун за да се отстрани
карактеристичниот мирис на новите
производи, а потоа темелно
избришете ги.
ВНИМАНИЕ!
Не користете детергенти
или абразивни прашоци
бидејќи можат да ја
оштетат политурата.
7.3 Периодично чистење
ВНИМАНИЕ!
Не влечете ги, не
поместувајте ги и не
оштетувајте ги цевките
и/или каблите во
фрижидерот.
ВНИМАНИЕ!
Внимавајте да не го
оштетите системот за
ладење.
ВНИМАНИЕ!
Кога го движите апаратот,
кренете го предниот дел за
да спречите гребење на
подот.
Опремата треба редовно да се чисти:
1. Измијте ги внатрешноста и
додатоците со млака вода и со
неутрален сапун.
2. Редовно проверувајте ги
заптивките на вратата и бришете
ги за да бидат чисти и без
остатоци од храна.
МАКЕДОНСКИ 25
Kommentare zu diesen Handbüchern