Electrolux EOB8857AAX Kochbuch Seite 22

  • Herunterladen
  • Zu meinen Handbüchern hinzufügen
  • Drucken
  • Seite
    / 32
  • Inhaltsverzeichnis
  • LESEZEICHEN
  • Bewertet. / 5. Basierend auf Kundenbewertungen
Seitenansicht 21
апаратот. Употребете калап за
мафинс колачи ако имате.
Време во апаратот: 40 минути
Ниво на решетка: 3
7.12 Кнедла со сливи (6
парчиња)
За тестото (состојките треба да
бидат на собна температура):
125 ml млеко
20 g шеќер
1 пакетче сув квасец (8 g сув квасец
или 42 g пресен квасец)
300 g брашно
30 g шеќер
30 g путер
1 жолчка
1 цело јајце
1 пакетче ванилин шеќер (околу 8
g)
малку цеден сок од лимон
џем од сливи
После готвењето:
50 g путер
50 г мелено афионово семе
шеќер во прав
Друго:
подмачкан сад
Метод:
Ставете ги млекото и шеќерот во тава
и загрејте ги малку на рингла. Додајте
го сувиот квасец и промешајте. Потоа
оставете да стои околу 30 минути.
Ставете ги брашното, шеќерот,
путерот, жолчката, целото јајце,
ванилиниот шеќер и сокот од лимон во
сад за матење. Додајте ги млекото и
квасецот и замесете тесто. Покријте го
тестото со крпа и оставете го да
нарасне 45 минути. Потоа, со лажица
вадете од тестото кнедли (околу 80 g),
сплескајте ги со раката и наполнете ги
со 1 лажичка џем од сливи. Повлечете
ги краевите од тестото нагоре и
покријте го џемот со тестото и
оформете го во топче. Ставете ги
топчињата во подмачкан сад, покријте
ги и оставете ги да нараснат уште 45
минути, а потоа ставете ги во
апаратот.
Време во апаратот: 35 минути
Ниво на решетка: 3
7.13 Куглоф
Состојки за основата:
500 g брашно
1 пакетче сув квасец (8 g сув квасец
или 42 g пресен квасец)
80 g шекер во прав
150 g путер
3 јајца
2 рамни лажички сол
150 ml млеко
70 g суво грозје (претходно
накиснете ги 1 час во 20 ml
вишновка)
Состојки за глазурата:
50 g цели лупени бадеми
Метод:
Ставете ги брашното, сувиот квасец,
шекерот во прав, путерот, јајцата,
солта и млекото во сад за матење и
измесете изедначено тесто. Покријте
го тестото во садот и оставете го да
нарасне 1 час.
Рачно измесете го накиснатото суво
грозје во тестото.
Ставете ги бадемите во секоја
празнина посебно во подмачканиот со
зејтин и попрскан со брашно калап за
куглоф.
Потоа обликувајте го тестото во
форма на колбас и ставете го во калап
за куглоф. Покријте го и оставете да
кисне уште 45 минути.
Време во апаратот: 60 минути
Ниво на решетка: 1
7.14 Саварин торта
Состојки за тестото:
350 g брашно
1 пакетче сув квасец (8 g сув квасец
или 42 g пресен квасец)
75 g шекер
100 g путер
5 жолчки
1/2 лажичка сол
1 пакетче ванилин шекер (околу 8
g)
www.electrolux.com22
Seitenansicht 21
1 2 ... 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 ... 31 32

Kommentare zu diesen Handbüchern

Keine Kommentare