Electrolux EOB8857AAX Kochbuch Seite 30

  • Herunterladen
  • Zu meinen Handbüchern hinzufügen
  • Drucken
  • Seite
    / 32
  • Inhaltsverzeichnis
  • LESEZEICHEN
  • Bewertet. / 5. Basierend auf Kundenbewertungen
Seitenansicht 29
90 g шеќер
2 жолчки
семки од едно стапче ванила
2 супени лажици инстант кафе
(растворено во 50 ml жешка вода)
2 белки
50 g брашно
50 g пченкарно брашно
1/2 лажичка прашок за пециво
Метод:
Зачинете го свинското со сол, црн
пипер, црвен пипер и кари во прав,
запржете го добро од сите страни на
рингла и ставете го во огноотпорен
сад. Ставете ги на една од решетките
во печката и вклучете ја програмата.
Ставете ориз, малку сол и вода во
сад.
Подгответе ја парената капучино
торта. Изматете ги заедно путерот и
шекерот. На оваа мешавина додадете
ги жолчките од јајца, семето од ванила
и кафето. Изматете ги белките од
јајцата со два прстофата сол додека
не се стврднат. Потоа внимателно
додајте го брашното, пченкарното
брашно, прашокот за печиво и
изматеното јајце во мешавината со
путер. Ставете ја мешавината во мали
чиничиња или чаши кои претходно сте
ги намачкале со путер.
Подгответе го зеленчукот. Исчистете
ги морковите и исечете ги на
стапчиња. Исчистете го кромидот и
исечете го на стапчиња. Исчистете го
карфиолот и поделете го на цветчиња.
Измијте ги пиперките, извадете го
семето и исечете ги на ленти. Ставете
сѐ заедно во сад на пареа.
Подготовка:
После 40 минути, додадете ги
подготвените јадења во апаратот со
свинската плешка и продолжете да
готвите уште 40 минути.
Соковите од месото во
јадењето се многу добри
за подготвување вкусен
сос со кисела павлака или
вино.
12.2 Мени на пареа 2
Варени пилешки гради со ориз и
зеленчук и тесто од карфиол. Ванила
колач со јагоди за десерт.
Состојки за полнење на пилешките
гради:
4 - 6 филети од пилешки гради, без
коски
сол, црн пипер, црвен пипер и кари
во прав
Состојки за тестото со карфиол:
300 g карфиол
50 g тврдо сирење, рендано
2 јајца
50 ml слатка павлака
сол, мускатно оревче
путер за премачкување на садовите
Состојки за оризот:
200 g ориз со долго зрно
50 g див ориз
сол, црн пипер
400 ml бујон
1 мала црвена пиперка
1 мала конзерва слатка пченка (150
g)
Состојки за тестото со ванила и
јагоди:
200 ml млеко
200 ml слатка павлака
семе од 1 ванила стапче
2 жолчки
3 јајца
50 g шеќер
300 g јагоди
2 супени лажици ф’стаци
Метод:
Измијте ги и исушете ги пилешките
филети. Зачинете ги со сол, црн
пипер, црвен пипер и кари во прав, а
потоа ставете ги во сад за печење
месо.
Раздвојте го карфиолот на цветови,
гответе го на пареа 25 минути, а потоа
измиксирајте го во пире. Додајте ги
ренданото сирење, јајцата и слатката
павлака и зачинете со сол и мускатно
оревче. Ставете ја мешавината од
карфиол во 6 мали чиничиња добро
подмачкани со путер.
www.electrolux.com30
Seitenansicht 29
1 2 ... 25 26 27 28 29 30 31 32

Kommentare zu diesen Handbüchern

Keine Kommentare