1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажата и употребата на овој апарат, внимателно
прочитајте ги доставените упатства. Производителот не е
одговорен ако неправилната монтажа и употреба предизвикаат
повреди и оштетувања. Секогаш чувајте го упатството со
апаратот за идна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи лица
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од задушување, повреда или траен инвалидитет.
• Овој апарат можат да го користат деца над 8 години и лица
со намалени физички, сетилни или ментални способности
или лица без искуство и знаење доколки тоа го прават под
надзор или им биле дадени упатства како безбедно да го
употребуваат апаратот и ги разбираат опасностите
поврзани со него.
• Деца не смеат да играат со апаратот.
• Чувајте го пакувањето настрана од дофат на деца.
• Чувајте ги сите детергенти настрана од дофат на деца.
• Чувајте ги децата и домашните миленичиња настрана од
вратата на апаратот кога е отворена.
• Доколку апаратот има уред за безбедност на деца, ви
препорачуваме да го активирате.
• Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не
треба да го прават деца без надзор.
1.2 Општа безбедност
• Пред одржувањето, исклучете го апаратот и исклучете го
кабелот од штекерот за струја.
• Не менувајте ги спецификациите на овој апарат.
• Почитувајте ја максималната количина на полнење 10 kg
(погледнете во поглавјето „Табела со програми“).
• Доколку кабелот за напојување се оштети, треба да се
замени од страна на производителот, негов сервисен
МАКЕДОНСКИ 27
Kommentare zu diesen Handbüchern