Electrolux EGE6182NOK Bedienungsanleitung Seite 24

  • Herunterladen
  • Zu meinen Handbüchern hinzufügen
  • Drucken
  • Seite
    / 60
  • Inhaltsverzeichnis
  • LESEZEICHEN
  • Bewertet. / 5. Basierend auf Kundenbewertungen
Seitenansicht 23
Бидете многу внимателни при замената на
држачите за садови за да спречите
оштетување на горниот дел на површината
за готвење.
По чистењето, исушете го апаратот со мека
крпа.
Отстранување на нечистотиите:
1.
Отстранете ги веднаш: стопена
пластика, пластична фолија и храна
што содржи шеќер. Употребете
специјална гребалка за стакло-
керамика. Поставете ја гребалката под
агол врз стакло-керамичката површина
и отстранете ги остатоците лизгајќи со
сечивото по површината.
Исклучете го апаратот и оставете го
да се излади пред чистењето на:
прстени од бигор, водени прстени,
дамки од маснотии, светкави метални
промени на бојата. Користете
специјално средство за чистење
наменето за површини за готвење.
2.
Исчистете го апаратот со влажна крпа и
малку детергент.
3.
На крајот исушете го апаратот со чиста
крпа.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не користете ножеви, стругалки или
слични инструменти за да ја
исчистите површината на стаклото
или помеѓу рабовите на пламениците
и на рамката (ако ги има).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не ги лизгајте садовите за готвење
над стаклото затоа што може да ја
изгребе површината. Исто така,
пазете тешки или остри предмети да
не паднат на стаклото или да удрат
на работ од плочата.
5.1 Чистење на свеќичката
Оваа функција се добива со ќерамичка
свеќичка за палење со метална електрода.
Секогаш држете ги овие компоненти многу
чисти за да избегнете отежнато палење и
редовно проверувајте да не се затнати
дупките од круната на пламеникот.
5.2 Периодично одржување
Побарајте од вашиот локален сервисен
центар периодично да ја провери состојбата
на цевката за гас и на регулаторот на
притисокот, ако го има.
6. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
Проблем Можна причина Решение
Нема искра кога го палите
гасот.
Нема струја. Уверете се дека апаратот
е приклучен и дека и
доводот на струја е
вклучен.
Проверете го
осигурувачот. Ако
осигурувачот избие
повеќепати, побарајте
квалификуван
електричар.
Нема искра кога го палите
гасот.
Капата и круната на
пламеникот не се рамно
поставени.
Уверете се дека капата и
круната на пламеникот се
правилно поставени.
24
www.electrolux.com
Seitenansicht 23
1 2 ... 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 ... 59 60

Kommentare zu diesen Handbüchern

Keine Kommentare