
Ако апаратот сепак не работи правилно и по
горните проверки, јавете се на најблискиот
сервисен центар.
7.1 Замена на светлото
Апаратот е опремен со долговечно ЛЕД
внатрешно светло.
1.
Исклучете го апаратот.
2.
Притиснете го подвижниот дел за да го
откачите капакот на светилката (1).
3.
Извадете го капакот на светилката (2).
4.
Доколку е потребно, заменете ја
светилката со светилка со слични
карактеристики и моќност. Се
препорачува користење на Osram
PARATHOM SPECIAL T26 од 0,8 вати.
5.
Монтирајте го капакот на светилката.
6.
Поврзете го апаратот.
7.
Отворете ја вратата. Проверете дали
светилката ќе се запали.
1
2
7.2 Затворање на вратата
1.
Исчистете ги заптивките на вратата.
2.
Ако е потребно, приспособете ја вратата.
Видете во „Монтажа“.
3.
Ако е потребно, заменете ја
неисправната заптивка на вратата.
Контактирајте со сервисниот центар.
8. МОНТАЖА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги "Безбедносните
информации" внимателно пред да го
наместите апаратот за да бидете
побезбедни и апаратот да работи
правилно.
8.1 Поставување
Наместете го апаратот на место каде што
околната температура е соодветна на
климатската класа укажана на плочката со
спецификации на апаратот:
Климатс
ка класа
Околна температура
SN +10°C до + 32°C
N +16°C до + 32°C
ST +16°C до + 38°C
T +16°C до + 43°C
8.2 Поврзување на електриката
Пред да го приклучите, проверете дали
напонот и фреквенцијата прикажани на
плочката со спецификации одговараат на
вашата домашна електрична мрежа.
Апаратот мора да биде вземјен. Приклучокот
на кабелот за напојување со струја е со
вземјување. Ако штекерот од домашната
електрична мрежа не е вземјен, поврзете го
апаратот со посебно вземјување во
согласност со прописите за електрична
енергија и откако ќе се посоветувате со
квалификуван електричар.
Производителот одбива каква било
одговорност ако горенаведените безбедносни
мерки не се испочитувани.
Апаратот е во согласност со следниве
Директиви на ЕЕЗ.
МАКЕДОНСКИ 13
Kommentare zu diesen Handbüchern