
4.11 Фиока CrispFresh
Фиоката е погодна за чување на овошје и
зеленчук.
Во внатрешноста на фиоката има разделник
што може да се стави во различни позиции за
да се овозможи поделба на мали делови што
е најпогодна за личните потреби.
На дното на фиоката има решетка (ако е
предвидена) за одделување на овошјето и
зеленчукот од било каква влажност што би
можела да се формира на долната површина.
Сите делови во внатрешноста на фиоката
може да се извадат за чистење.
4.12 Вадење на корпите за смрзнување од замрзнувачот
2
1
Корпите за смрзнување имаат граничник за
сопирање што спречува нивно случајно
вадење или испаѓање. Кога сакате да ги
извадите од замрзнувачот, повлечете ја
корпата кон себе и, кога ќе дојде до
граничникот, извадете ја корпата кревајќи го
предниот дел нагоре.
Кога ги враќате, кренете го малку предниот
дел на корпата за да ја вметнете во
замрзнувачот. Кога ќе ги поминете
граничниците, турнете ја корпата назад во
положбата.
5. ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ
5.1 Нормални звуци на работа
• Кога разладното средство се пумпа низ
намотките или цевките, може да се слуша
звук на тивко гргорење и клокотење. Тоа е
нормално.
• Кога е вклучен компресорот, средството за
ладење се пумпа низ системот и се слуша
зуење и ритмична бучава од компресорот.
Тоа е нормално.
• Топлинската дилатација може да
предизвика ненадејно крцкање. Тоа е
природен, безопасен физички феномен.
Тоа е нормално.
5.2 Совети за штедење енергија
• Не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго отколку што
е неопходно.
• Доколку околната температура е висока,
регулаторот за температура е на
најголемата поставка и апаратот е целосно
наполнет, компресорот може да работи
непрестано, што ќе предизвика формирање
мраз на испарувачот. Ако се случи тоа,
свртете го регулаторот за температура кон
помалите вредности за да овозможите
автоматско одмрзнување, со што ќе
заштедите и електрична енергија.
5.3 Совети за ладење свежа храна
За да добиете најдобри перформанси:
38
www.electrolux.com
Kommentare zu diesen Handbüchern