
Допирајте го копчето за температура
додека да ја изберете потребната
температура. Поставката ќе биде
фиксна.
Најстудена поставка: +2°C.
Најтопла поставка: +8°C.
Најсоодветна поставка е
онаа што одговара на
режимот EcoMode.
Меѓутоа, точната поставка треба да се
одбере имајќи предвид дека
температурата во внатрешноста на
апаратот зависи од:
• собната температура
• колку често се отвора вратата
• количеството храна што се чува
• локацијата на апаратот.
3.4 EcoMode
За да го вклучите EcoMode,
притискајте го копчето за температура
додека LED веднаш до иконата
EcoMode не засвети на контролната
табла.
Поставката гарантира
минимална потрошувачка
на енергија и соодветни
карактеристики за чување
храна.
3.5 Функција FastFreeze
Ако треба да ставите голема количина
топла храна во фрижидерот (на
пример, откако сте пазареле) или
треба брзо да ја намалите
температурата во замрзнувачот за да
замрзнете свежа храна брзо, ви
предлагаме да ја вклучите Функцијата
FastFreeze за соодветно чување на
храната.
Функцијата FastFreeze може да се
вклучи со поставување на
температурата на 2°C
Функцијата FastFreeze може да ја
исклучите со притискање на копчето
за температура.
Ова Функција се исклучува
автоматски по 52 часа.
Оваа Функција одговара на
фрижидерот и
замрзнувачот.
4. ДНЕВНА УПОТРЕБА
4.1 Замрзнување на свежа
храна
Преградата за замрзнување е погодна
за замрзнување на свежа храна и за
долгорочно чување на замрзната и
длабоко замрзната храна.
За да замрзнете свежа храна,
вклучете ја функцијата FastFreeze
најмалку 24 часа пред да ја ставите
храната во замрзнувачот.
Ставете ја свежата храна којашто
треба да се смрзне горната преграда.
Максималната количина на храна што
може да се замрзне за 24 часа е
наведена на плочката со
спецификации, етикета што се наоѓа
во внатрешноста на апаратот.
Замрзнувањето трае 24 часа: во текот
на овој период не требa да додавате
друга храна за замрзнување.
Кога ќе заврши замрзнувањето,
вратете на потребната температура
(видете во „Функција FastFreeze“).
Во оваа состојба,
температурата на
преградата на фрижидерот
може да падне под 0°C.
Ако се случи тоа,
поставете го регулаторот
на температурата на
поставка за повисока
температура.
МАКЕДОНСКИ 17
Kommentare zu diesen Handbüchern