
Монтирајте ги држачите на решетките
по обратен редослед.
Иглите за држење на
телескопските шини мора
да се насочени напред.
10.5 Каталитичко чистење
ВНИМАНИЕ!
Не чистете ја
каталитичката површина
со спрејови за печка,
абразивни средства за
чистење, сапуни или други
средства за чистење. Тие
ќе ја оштетат
каталитичката површина.
Дамките или
обезбојувањето на
каталитичката површина
нема никакво влијание врз
каталитичките својства.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Држете ги децата подалеку
кога ја чиститe печката при
висока температура.
Површината на печката се
вжештува и постои
опасност од изгореници.
Пред активирање на
каталитичко чистење
извадете ги сите додатоци
од печката.
Ѕидовите со каталитичка облога се
чистат самите. Тие ја апсорбираат
маснотијата што се собира на
ѕидовите при работата на печката.
За да го поддржите овој процес на
самочистење, редовно загревајте го
празниот апарат.
1. Исчистете го дното на печката со
топла вода и течност за чистење, а
потоа избришете го.
2. Поставете ја функцијата .
3. Поставете ја температурата на 250
°C и оставете ја печката да работи
1 час.
4. Кога апаратот ќе се излади,
исчистете го со мек и влажен
сунгер.
10.6 Горен дел на печката
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Исклучете го апаратот
пред да го извадите
грејачот. Проверете дали
апаратот е ладен. Постои
опасност од изгореници.
Извадете ги држачите на решетката.
Можете да го извадите грејачот за да
го исчистите плафонот на печката
полесно.
1. Извадете го шрафот што го држи
грејачот. Кога го правите ова
првпат, употребете штрафцигер.
2. Внимателно повлечете го грејачот
надолу.
3. Исчистете го плафонот на печката
со мека крпа со топла вода и
средство за чистење и оставете да
се исуши.
Поставете го грејачот по обратен
редослед.
Поставете ги држачите на решетката.
МАКЕДОНСКИ 23
Kommentare zu diesen Handbüchern