
2. Повлечете го предниот дел од
држачите настрана од страничниот
ѕид.
3. Извадете ги држачите од задното
резе.
Монтирајте ги држачите на решетките
по обратен редослед.
12.3 Чистење со пареа
Menu / Функции / Чистење
Рачно остранете колку што можете
повеќе нечистотија.
Исчистете го предното стакло на
вратата користејќи мека крпа со топла
вода и средство за чистење.
Извадете ги држачите на решетките за
да ги исчистите страничните ѕидови.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
За подобар учинок,
функцијата чистење треба
да ја вклучите кога
апаратот е ладен.
Проверете ја
преостанатата топлина.
Секогаш користете ја функцијата
после готвење со пареа.
Кога е вклучена функцијата,
светилката е исклучена.
1. Ставете 400 ml вода заедно со 3
супени лажици оцет (без тревки)
директно во генераторот на пареа.
2. Во главното мени одберете ја
функцијата: Чистење со пареа.
Екранот го прикажува траењето на
функцијата (33 минути).
Се огласува звучен сигнал кога ќе
заврши програмата.
3. Допрете го екранот за да го
исклучите сигналот.
4. Избришете ја внатрешната
површина на апаратот со мек
сунѓер.
5. Отстранете ја преостанатата вода
од генераторот на пареа.
6. После чистењето, држете ја
вратата на апаратот отворена
приближно 1 час. Почекајте додека
апаратот не се исуши. За да го
забрзате сушењето можете да го
загреете апаратот со жежок воздух
на температура од 150 °C за околу
15 минути.
Максимални ефекти од функцијата
чистење можете да добиете ако рачно
го исчистите апаратот веднаш откако
ќе заврши функцијата.
Функцијата чистење користете ја два
пати доколку нивото на извалканост е
големо. Проверете дали апаратот е
изладен пред да го вклучите вториот
циклус.
12.4 Декалцификација на
генераторот на пареа
1. Ставете 250 ml вода и 3 супени
лажици оцет директно во
генераторот на пареа.
2. Во менито одберете: Помош при
чистење.
3. Вклучете ја функцијата:
Декалцификација.
Екранот го прикажува траењето на
процесот (15 минути).
Се огласува звучен сигнал кога ќе
заврши програмата.
4. Допрете сензорско поле за да го
исклучите сигналот.
5. Отстранете ја преостанатата вода
од генераторот на пареа.
6. Оставете ја вратата отворена
околу 1 час за да може апаратот
целосно да се исуши. За да го
забрзате сушењето можете да го
загреете апаратот со жежок воздух
на температура од 150 °C за околу
15 минути.
www.electrolux.com66
Kommentare zu diesen Handbüchern