
4.7 Чување на замрзната
храна
По првото вклучување или по извесен
период некористење, пред да ставите
производи во комората, оставете го
апаратот да работи барем 2 часа на
највисоката поставка.
Во случај на случајно
одмрзнување, на пример
при прекин на
снабдувањето со
електрична струја, ако
струјата била исклучена
подолг период од
вредноста прикажана во
табелата со технички
карактеристики под „време
на подигање“, одмрзнатата
храна мора да биде брзо
конзумирана или веднаш
зготвена и потоа повторно
замрзната (откако ќе се
излади).
4.8 Одмрзнување
Длабоко смрзнатата и смрзнатата
храна, пред да се употреби, може да
се одмрзне во преградата на
фрижидерот или на собна
температура, зависно од времето
достапно за оваа постапка.
Малите парчиња може дури и да се
готват смрзнати, директно од
замрзнувачот: во тој случај, готвењето
ќе трае подолго.
5. ПОМОШ И СОВЕТИ
5.1 Нормални работни звуци
Следните звуци се нормални за време
на работа:
• Слабо клокотење и звук на
кркорење од калемот кога
фрижидерот се полни.
• Звук на брмчење и пулсирачки звук
од компресорот кога фрижидерот
се полни.
• Ненадеен звук на кршење од
внатрешноста на апаратот како
резултат на термичка дилатација
(природен и физички феномен
којшто не е опасен).
• Слаб звук на чкрипење од
регулаторот на температура кога
компресорот се вклучува или
исклучува.
5.2 Совети за штедење
енергија
• Не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго
отколку што е неопходно.
• Доколку околната температура е
висока, Регулаторот за
температура е поставен на ниска
температура и апаратот е целосно
наполнет, компресорот може да
работи непрестано, што ќе
предизвика формирање мраз на
испарувачот. Ако се случи тоа,
свртете го Регулаторот за
температура кон потопли поставки
за да овозможите автоматско
одмрзнување, со што ќе заштедите
и електрична енергија.
5.3 Совети за ладење свежа
храна
За да добиете најдобри перформанси:
• не ставајте топла храна или
течности што испаруваат во
фрижидерот
• покривајте ја или виткајте ја
храната, особено ако има посилен
вкус
• ставајте ја храната така што
воздухот може да кружи слободно
околу неа
www.electrolux.com24
Kommentare zu diesen Handbüchern