
Со вртење на регулаторот за
температура, екранот трепка и ја
прикажува саканата температура.
За правилно чување на храната треба да
се постават следниве температури:
+5°C во фрижидерот
-18°C во замрзнувачот.
Откако ќе се постави саканата
температура, ако регулаторот за
температура не се сврти во рок од 5
секунди, ќе се прикаже температурата на
замрзнувачката комора.
За да работите со апаратот, постапете
на следниов начин:
• свртете го регулаторот на
температурата надесно за да
постигнете максимално ладење;
• свртете го регулаторот на
температурата налево за да
постигнете минимално ладење.
Средната положба обично е најпогодна.
Меѓутоа, точната поставка треба да се
одбере имајќи предвид дека
температурата во внатрешноста на
апаратот зависи од:
• собната температура
• колку често се отвора вратата
• количеството храна што се чува
• местоположбата на апаратот.
Функција Shopping
Ако треба да ставите големо количество
храна, на пример откако сте се вратиле
од пазарење продукти, предлагаме да ја
активирате функцијата Shopping за да ги
изладите продуктите побрзо и да
избегнете загревање на другата храна
што е веќе во фрижидерот.
Функцијата Shopping се активира со
притискање на функциското копче
(неколкупати, ако е потребно) додека не
се појави соодветната икона
.
Функцијата Shopping се исклучува
автоматски по околу 6 часа.
Оваа функција се користи за активирање
на кус звучен сигнал при секое
притискање на некое копче (видете во
"Активирање на функциите) .
Функција Action Freeze (Акциско
смрзнување)
За смрзнување свежа храна, ќе мора да
ја активирате функцијата Action Freeze.
Притиснете го функциското копче
(неколкупати, ако е потребно) додека не
се појави соодветната икона.
Ова функција се исклучува автоматски
по 52 часа.
Функцијата може да се исклучи во секое
време со притискање на функциското
копче (видете во "Мени со функции").
Аларм за прекумерна температура
Зголемувањето на температурата во
комората на замрзнувачот (на пример,
поради тоа што снемало струја) се
означува со:
• трепкање на температурата
• трепкање на комората на
замрзнувачот (индикаторот за
комората на замрзнувачот )
• црвено осветлување на екранот
•звучен сигнал
•симбол на аларм.
Кога ќе се вратат нормалните услови:
• звучниот сигнал се исклучува
• бројката на температурата
продолжува да трепка
• осветлувањето на екранот останува
црвено.
Кога ќе го притиснете функциското
копче / прекинувачот за ресетирање на
алармот за да го исклучите алармот,
највисоката достигната температура во
комората се прикажува на показателот
неколку секунди.
Во тој момент, трепкањето престанува и
осветлувањето на екранот се менува од
црвено во бело.
За време на тревожењето, звучниот
сигнал може да се исклучи со
притискање на функциското копче /
прекинувачот за ресетирање на
алармот.
Осветлувањето на екранот останува
црвено додека не се вратат нормалните
услови за чување.
electrolux 69
Kommentare zu diesen Handbüchern