
СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
Полнење на алиштата
Отворете ја вратата со внимателно
влечење на рачката кон надвор.
Ставете ги алиштата во барабанот,
едно по едно, протресувајќи ги што е
можно повеќе. Затворете ја вратата.
Осигурете се дека нема алишта помеѓу
заштитната гума и вратата. Постои
опасност од протекување на вода или
оштетување на алиштата.
Измерете детергент и омекнувач
Извлечете ја фиоката од дозерот
додека не застане. Измерете ја
количината потребен детергент,
всипете ја во главната преграда
или
во соодветната преграда, ако тоа го
бара избраната програма/опција
(повеќе детали ќе најдете во "Фиока на
дозерт за детергент").
Доколку е потребно, всипете омекнувач
во преградата означена со
(количината не смее да ја надмине
ознаката "MAX" во фиоката). Полека
затворете ја вратата.
ИЗБЕРЕТЕ ЈА ПОТРЕБНАТА
ПРОГРАМА СО ВРТЕЊЕ НА
БИРАЧОТ НА ПРОГРАМИ (1)
Завртете го бирачот на програми на
потребната програма. Машината за
перење ќе предложи температура и
автоматски ќе избере максимална
вредност на центрифугирање, достапна
за избраната програма. Овие вредности
можете да ги промените со притискање
на соодветните копчиња. Зелената
контролна сијалица од копчето 8
почнува да трепка.
Програматорот може да се врти в десно
или в лево. Свртете го во положба
за ресетирање на програмата/
исклучување на машината.
На крајот на програмата,
програматорот мора да биде свртен
во положба
, за да ја исклучите
машината.
ВНИМАНИЕ Ако го завртите
бирачот на некоја друга програма,
додека машината работи, црвената
контролна сијалица од копчето 8 ќе
трепне 3-пати и ќе се прикаже
пораката за грешка Err за да укаже
на погрешното бирање. Машината
нема да ја изведува новата избрана
програма.
ИЗБЕРЕТЕ ЈА ТЕМПЕРАТУРАТА СО
ПРИТИСКАЊЕ НА КОПЧЕТО 3
Со бирање на програма, апаратот
автоматски предлага зададена
температура.
electrolux 11
Kommentare zu diesen Handbüchern