
ШТО ДА СТОРИТЕ АКО...
Можни се одредени проблеми поради
несоодветно одржување или превиди,
што може лесно да се решат без
викање сервисер. Пред да се обратите
во вашиот локален сервисен центар,
прво изведете ги следните проверки.
Додека машината работи, можно е
црвеното контролно светло на копчето
8 да трепка, една од следниве шифри
за тревога да се појави
на екранот и
истовремено да се огласуваат звучни
сигнали на секои 20 секунди за да
укажат дека машината не работи:
•
: проблем со доводот на вода.
•
: проблем со испуштањето вода.
•
: вратата е отворена.
Откако ќе го решите проблемот,
притиснете го копчето 8 за да ја
стартувате програмата одново. Ако и по
сите овие проверки проблемот
останува, контактирајте со својот
локален сервисен центар.
Проблем Веројатна причина/Решение
Машината за перење не
стартува:
Вратата не е затворена.
• Добро затворете ја вратата.
Штекерот не е правилно вметнат во приклучникот.
• Вметнете го штекерот во приклучникот.
Во приклучникот нема струја.
• Проверете ја домашната електрична инсталација.
Прегорел главниот осигурувач.
• Заменете го осигурувачот.
Програматорот не е правилно поставен и/или копчето 8 не е
притиснато.
• Свртете го програматорот и повторно притиснете
го
копчето 8.
Избран е одложен почеток.
• Доколку алиштата треба да се перат веднаш, откажете го
одложениот почеток.
Активирана е Безбедносна брава за деца.
• Исклучете ја Безбедносна брава за деца.
Машината не прима вода:
Славината за вода е затворена.
• Отворете ја славината.
Доводното црево е згмечено или превиткано.
• Проверете го приклучокот на доводното црево.
Филтрите во доводното црево или во доводниот вентил се
затнати.
• Исчистете ги филтрите во доводот на вода (за повеќе
детали видете во „Чистење на филтрите за довод на
вода“).
Вратата не е правилно затворена.
• Добро затворете ја вратата.
Машината прима вода и
веднаш ја испушта:
Крајот на одводното црево е поставен премногу ниско.
• Погледнете го соодветниот пасус во поглавјето
«Испуштање вода».
24 electrolux
Kommentare zu diesen Handbüchern