
4.6 Подвижни полици
На ѕидовите на фрижидерот се монтирани
низа држачи така што полиците може да се
наместат по желба.
Некои полици мора да се подигнат со задниот
раб за да се овозможи нивно вадење.
Не поместувајте ја стаклената
полица над фиоката за зеленчук за
да не го пореметите струењето на
воздухот.
4.7 Држач за шишиња
Ставајте ги шишињата (со отворот свртен
нанапред) на претходно наместената полица.
Ако полицата е ставена
хоризонтално, ставајте само
затворени шишиња.
Полицата за држење шишиња може да се
навали за да се чуваат претходно отворени
шишиња. За да го постигнете тоа, повлечете
ја полицата нагоре за да може да се сврти
нагоре и да се стави на следното повисоко
ниво.
4.8 Вадење на корпите за смрзнување од замрзнувачот
2
1
Корпите за замрзнување имаат граничник за
сопирање што спречува нивно случајно
вадење или испаѓање. Кога сакате да ги
извадите од замрзнувачот, повлечете ја
корпата кон себе и, кога ќе дојде до
граничникот, извадете ја корпата кревајќи го
предниот дел нагоре.
Кога ги враќате, кренете го малку предниот
дел на корпата за да ја вметнете во
замрзнувачот. Кога ќе ги поминете
граничниците, турнете ја корпата назад во
положбата.
48
www.electrolux.com
Kommentare zu diesen Handbüchern