
START
%
100
75
50
25
Кога е прикажана само една лента, треба
само да проверите дали имате нов филтер
BRITA MAXTRA при рака.
ВАЖНО Memo е конструиран да се користи
само со патроните со филтри BRITA.
BRITA Memo: електронскиот показател за
замена на патронот има век од околу 5
години. На крајот на векот на Memo, не
заборавајте дека тоа е електронски уред што
треба да се расходува согласно со сите
важечки правила и прописи.
За да го извадите потрошеното Memo,
ставете одвртка во жлебот до Memo и
извадете го притискајќи.
Имајте предвид дека Memo не смее да се
вади никогаш, освен за расходување.
Важни информации
• Дупката за вентилот на фрижидерот мора
да е затворена со вентилот за вода за
време на редовното функционирање на
апаратот.
• Користете само вода за пиење.
Користењето некој друг вид пијалак може
да остави талог, вкус или мирис во
резервоарот и на славината.
• Може да се слушаат извесни звуци
предизвикани од воздухот што влегува
кога водата истекува од резервоарот.
• Ако водата не истекува добро, притиснете
го лостот уште еднаш. Држете ја чашата
под славината уште некое време, за да ја
соберете целата вода во чашата.
• Не користете газирани пијалаци и сокови.
Пијалакот може да истече поради
притисокот на гасот.
• Не заборавајте дека водата е храна.
Испијте ја филтрираната вода за еден до
два дена.
• Ако апаратот за филтрирање BRITA не се
користи подолго време (на пр., кога сте на
одмор), препорачуваме да ја фрлите
преостанатата вода од системот и да го
оставите патронот во резервоарот.
Пред повторно користење на системот,
извадете го патронот и повторете ги
чекорите 1 до 4 од "Користење на
филтерот BRITA MAXTRA".
• Апаратот за филтрирање вода BRITA е
конструиран за користење само со
комунална вода од чешма (напомена: таа
вода се контролира постојано и е
безбедна за пиење според правните
прописи) или со вода од приватни извори
што е испитана дека е безбедна за пиење.
Ако властите издадат соопштение дека
водата од чешма треба да се проврива, и
филтрираната вода со BRITA треба да се
проврива. Кога упатството да се проврива
водата ќе престане да важи, целиот
систем за филтрирање треба да се
исчисти и да се стави нов патрон.
Повеќе информации за користењето на
патроните со филтер BRITA и Memo може да
се најдат во информативниот водич на BRITA.
Нови филтри BRITA и Memo може да
купите преку продажната мрежа на
Electrolux или BRITA.
electrolux 37
Kommentare zu diesen Handbüchern