
• Средството за ладење изобутан
(R600a), кој кружи низ водовите за
ладење на апаратот, е природен гас со
високо ниво на еколошка подобност,
но сепак е запалив.
За време на превозот и местењето на
апаратот, внимавајте да не се оштети
ниеден дел од водовите за ладење.
Доколку се оштетат водовите за
ладење:
– избегнувајте отворен оган и извори
на искри
– темелно проветрете ја просторијата
во која што се наоѓа апаратот
• Опасно е да се менуваат
спецификациите или да се вршат
какви и да било измени на производот.
Секое оштетување на кабелот може
да предизвика краток спој, по жа р и /ил и
струен удар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Сите
електрични делови (кабелот за
струја, приклучокот, компресорот)
мора да ги заменува сертифициран
или квалификуван сервисер.
1. Кабелот за струја не смее да се
продолжува.
2. Проверете приклучокот за во
штекер да не е смачкан или
оштетен од задниот дел на уредот.
Смачкан или оштетен приклучок за
во штекер може да се прегрее и да
предизвика пожар.
3. Внимавајте приклучокот во
електричната мрежа да е
пристапен.
4. Не влечете го кабелот.
5. Ако штекерот е разлабавен, не
вметнувајте го приклучокот во него.
Постои опасност од струен удар
или пожар.
6. Апаратот не смее да работи без
капакот за ламбата
13)
на
внатрешното светло.
• Апаратот е тежок. Треба да се
внимава кога се поместува.
• Не вадете ги и не допирајте ги
предметите во преградите на
замрзнувачот ако рацете ви се мокри
или влажни, зашто така може да дојде
до гребење на кожата и смрзнатици.
•Избегнувајте подолга изложеност на
апаратот на директна сончева
светлина.
Секојдневна употреба
• Не ставајте жешки садови на
пластичните делови на апаратот.
• Не чувајте запаливи гасови и течности
во апаратот, зашто тие може да
експлодираат.
• Мора строго да се почитуваат
препораките за чување на
производителот на апаратот. Видете
во соодветното упатство.
Одржување и чистење
• Пред одржување, исклучете го
апаратот и извадете го приклучникот
за струја од штекерот.
• Не чистете го апаратот со метални
предмети.
• Редовно проверувајте го одводот на
фрижидерот за одмрзната вода. Ако е
неопходно, исчистете го одводот. Ако
одводот е блокиран, ќе се собира вода
на дното на фрижидерот.
Местење
ВАЖНО За електричното поврзување,
внимателно постапете според
упатствата дадени во одделните пасуси.
• Распакувајте го апаратот и проверете
да не е оштетен. Не приклучувајте го
апаратот ако е оштетен. Пријавете ги
евентуалните оштетувања веднаш
таму каде што сте го купиле апаратот.
Во тој случај, престанете со
распакување.
• Препорачливо е да се почека најмалку
четири часа пред да се приклучи
апаратот за да може маслото да се
врати во компресорот.
• Околу апаратот треба да има
соодветно кружење на воздухот - без
него може да дојде до прегревање. За
да се постигне доволно
проветрување, следете ги упатствата
за местење.
13) Ако е предвиден капак за ламбата
52 electrolux
Kommentare zu diesen Handbüchern