
намалите температурата (погледнете
во „Табела со програми“). Симболот
значи ладно перење.
ОДБИРАЊЕ НА БРЗИНА НА
ЦЕНТРИФУГАТА
Притиснете го копчето за центрифугa
за да ја промените брзината на
центрифугата. Можете да одберете и
„Задржано плакнење“
или „Ноќен
циклус”
.
За максимална брзина на центрифугата
погледнете во „Програми за перење“.
Задржано плакнење
Со избирање на оваа функција, водата
од последното плакнење не се празни
за да се спречи туткање на алиштата.
Ноќен циклус
Со одбирање на оваа функција
машината нема да ја испушти водата
од последното плакнење и сите фази за
центрифугирање се исклучени за да не
се истуткаат алиштата. Овој циклус за
перење е многу тивок и може да се
одбере за навечер или за периоди кога
има евтина струја.
На крајот од програмата, ако сте
избрале
„Задржано плакнење” или
„Ноќен циклус”
, ќе треба да
одберете програма „Центрифуга”
или
„Цедење”
за да го завршите циклусот
и да ја испуштите водата.
ОДБИРАЊЕ ОПЦИИ
Откако ќе ја изберете програмата, а
пред да го притиснете копчето „Старт/
пауза“, мора да ги изберете различните
опции
(видете во „Табела на
програми“). Притиснете ги саканите
копчиња; се палат соодветните
светилки. Кога ќе ги притиснете
повторно, светилките се гаснат. Ако
некоја од опциите не е компатибилна со
избраната програма, на екранот трепка
„Err“, а копчето „ Старт/пауза“
трепка
црвено.
ОПЦИЈА "ПРЕТПЕРЕЊЕ"
Апаратот изведува претперење на
макс. 30°C.
ОПЦИЈА „ДОПОЛНИТЕЛНО
ПЛАКНЕЊЕ”
Во текот на циклусот, машината за
перење изведува едно или повеќе
дополнителни плакнења. Оваа опција
се препорачува за луѓе со чувствителна
кожа и во подрачја со мека вода.
Привремено: Притиснете го
„Дополнително плакнење”
копчето.
Опцијата е активна само за избраната
програма.
Трајно: Држете ги копчињата
„Претперење”
и „Одложен почеток”
притиснати неколку секунди.
Опцијата е активирана трајно, дури и
ако апаратот се исклучи. За да ја
деактивирате, повторете ја постапката.
„ОДЛОЖЕН ПОЧЕТОК“
Оваа опција овозможува одложен
почеток на програмата за перење за 30,
60, 90 минути, 2 часа до 20 часа.
Избраното време се појавува на
екранот неколку секунди.
Времето на одложеното почнување
можете да го промените или откажете
во кое било време пред да го
притиснете копчето „Старт/Пауза“
,
така што повторно ќе го притиснете
копчето
„ Одложено почнување“ ’
(значи дека ќе започне веднаш).
Доколку веќе сте го притиснале копчето
„Старт/Пауза“
, а сакате да го
промените или откажете одложениот
почеток, постапете на следниов начин:
• За да го откажете одложениот
почеток и веднаш да започнете со
циклусот, притиснете „Старт/Пауза“
, а потоа „Одложен почеток“ .
Притиснете „Старт/Пауза“
за да го
почнете циклусот.
• За да го смените периодот на
одложување на тајмерот, морате да
одите преку позицијата „Стоп“
и да
го репрограмирате циклусот.
Капакот е заклучен за време на
периодот на одложено почнување. Ако
сакате да го отворите, прво морате да
го ставите апаратот на пауза
притискајќи го копчето „Старт/Пауза“
. Откако повторно ќе го затворите
6 electrolux
Kommentare zu diesen Handbüchern