
11.7 Цедење во вонредна
ситуација
Заради некој проблем, апаратот не може да
цеди вода.
Доколку се случи ова, направете ги чекорите
од (1) до (10) од „Чистење на филтерот за
цедење“.
Ако е неопходно, исчистете ја пумпата.
Кога ја цедите водата со помош на
процедурата за итно цедење, мора повторно
да го активирате систем за цедење:
1.
Ставете 2 литри вода во главната
преграда за перење на дозерот за
детергент.
2.
Стартувајте ја програмата за цедење на
водата.
11.8 Заштита од замрзнување
Ако апаратот е монтиран во област каде
температурата може да падне под 0°C,
отстранете ја преостаната вода од доводното
црево и од пумпата за цедење.
1.
Извадете го приклучокот за струја од
штекерот.
2.
Затворете ја славината за вода.
3.
Извадете го доводното црево за вода.
4.
Ставете ги двата краја на доводното
црево во садот и оставете ја водата да
тече од цревото.
5.
Испразнете ја пумпата. Видете во
процедурата за итно цедење.
6.
Кога одводната пумпа е празна, вратете
го доводното црево назад.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Проверете дали температурата е
повисока од 0°C пред повторно да го
користите апаратот.
Производителот не е одговорен за
штетите предизвикани од ниска
температура.
12. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
Машината не почнува да работи или запира
за време на работата.
Прво, обидете се да најдете решение за
проблемот (погледнете во табелата). Ако не
успеете, контактирајте со сервисниот центар.
Кај некои проблеми, звучните сигнали
работат и на екранот се прикажува шифра за
тревога:
•
- Машината не се полни со вода.
•
- Машината не ја испушта водата.
•
- Вратата на машината е отворена
или не е правилно затворена. Проверете ја
вратата!
•
- Напојувањето со струја е
нестабилно. Почекајте додека не се
стабилизира напојувањето со струја.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Исклучете ја машината пред да ги
направите проверките.
Проблем Можно решение
Програмата не стартува. Проверете дали приклучокот за струја е вклучен во штекерот.
Проверете дали вратата на апаратот е затворена.
Проверете дали има оштетен осигурувач во таблата со
осигурувачи.
Проверете дали е притиснато копчето Старт/Пауза.
Доколку е поставен одложен почеток, откажете ја поставката
или почекајте да заврши одбројувањето.
Доколку е вклучена, исклучете ја функцијата Брава за деца.
Машината не се полни
со вода.
Проверете дали е отворена славината за вода.
МАКЕДОНСКИ 43
Kommentare zu diesen Handbüchern