Electrolux ESI67040XR Bedienungsanleitung Seite 11

  • Herunterladen
  • Zu meinen Handbüchern hinzufügen
  • Drucken
  • Seite
    / 20
  • Inhaltsverzeichnis
  • LESEZEICHEN
  • Bewertet. / 5. Basierend auf Kundenbewertungen
Seitenansicht 10
Некои видови таблети може да содржат
и други средства.
Проверете дали детергентите се
соодветни за тврдоста на Вашата вода.
Погледнете ги упатствата на
производителот.
Кога ќе ја нагодите функцијата мулти-
таблети, таа останува вклучена додека
не ја исклучите.
Функцијата мулти-таблети го деактивира
протокот на средство за плакнење и на
сол.
Функцијата мулти-таблети ги деактивира
показните светла за сол и за средство за
плакнење.
Траењето на програмата може да се
продолжи ако ја користите функцијата
мулти-таблети.
Активирајте ја мулти-таблети пред
почетокот на програма за миење.
Не може да ја активирате функцијата
мулти-таблети додека трае некоја
програма.
Активирање на функцијата мулти-
таблети:
Притиснете го копчето мулти-таблети.
Показното светло за мулти-таблети се
пали.
За деактивирање на функцијата мулти-
таблети и одделна употреба на
детергент, сол и средство за плакнење:
1. Притиснете го копчето мулти-
таблети. Показното светло за мулти-
таблети се гаси.
2. Наполнете ги садот за сол и дозерот
за средство за плакнење.
3. Регулирајте го омекнувачот на вода
на највисоко ниво.
4. Пуштете програма за миење, но без
садови.
5. Регулирајте го омекнувачот на вода
според тврдоста на водата во
Вашата област.
6. Поставете ја дозата на средството за
плакнење.
Полнење прибор за јадење и садови
Погледнете во брошурата „Примери
на RealLife полнења“.
Совети и препораки
Не користете го апаратот за чистење на
предмети кои што впиваат вода (на пр.
сунѓери, крпи за домаќинство).
Пред да ставите садови и прибор за
јадење, направете ги следниве
чекори:
Отстранете ја преостанатата храна.
Омекнете ја запечената храна во
тавчињата.
Додека ставате садови и прибор за
јадење, направете ги следниве
чекори:
Ставајте ги шупливите предмети
(шољи, чаши и тави) со отворот
надолу.
Внимавајте да не се собира вода во
долниот сад или во основата.
Внимавајте приборот за јадење и
садовите да не се споени.
Внимавајте чашите да не допираат
други чаши.
Ставете ги малите предмети во
корпата за прибор за јадење.
Мешајте ги лажиците со друг прибор
за да не се залепат една за друга.
Наредете ги предметите така што
водата ќе може да допре до сите
површини.
Пластичните садови и тавите со
нелеплива облога се склони кон
задржување капки вода.
Ставете ги лесните предмети во
горната корпа. Проверете предметите
да не се движат.
Одбирање и почнување програма за миење
Одбирање и почнување програма за
миење без одложен почеток.
1. Отворете ја вратата.
2. Вклучете го апаратот.
3. Проверете дали апаратот е во режим
за нагодување.
electrolux 11
Seitenansicht 10
1 2 ... 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 ... 19 20

Kommentare zu diesen Handbüchern

Keine Kommentare