средства, блиску до или во апаратот.
Постои ризик од експлозија или пожар.
• Ставајте ги ножевите и сите предмети
со остри врвови во корпата за прибор
за јадење со врвовите надолу. Инаку,
ставајте ги во хоризонтална положба
во горната корпа или корпата за
ножеви. (Сите модели немаат корпа за
ножеви).
• Користете само производи наменети
за машина за миење садови
(детергент, сол, средство за
плакнење).
• Сол што не е за машина за миење
садови предизвикува оштетувања на
омекнувачот на вода.
• Наполнете го апаратот со сол пред да
почнете програма за миење. Зрната
сол или солената вода можат да
предизвикаат корозија или да го
продупчат дното на апаратот.
• Не полнете го дозерот за средство за
плакнење со некаква друга течност (на
пр. средство за чистење машина за
миење садови или течен детергент).
Тоа може да предизвика оштетувања
на апаратот.
• Проверете дали прскалките може да
се движат слободно пред да почнете
програма за миење.
• Ако ја отворите вратата додека работи
апаратот, може да излезе жешка
пареа. Постои опасност од изгореници
на кожата.
• Не вадете садови од машината за
миење садови пред завршување на
програмата за миење.
Нега и чистење
• Пред одржување, исклучете го
апаратот и извадете го приклучокот за
струја од штекерот.
• Не употребувајте запаливи производи
или производи кои предизвикуваат
корозија.
• Не користете го апаратот без филтри.
Уверете се дека филтрите се
правилно поставени. Неправилната
поставеност ќе предизвика послабо
миење и може да го оштети апаратот.
• Не користете млаз вода или водена
пареа за чистење на апаратот.
Опасност од струен удар или
оштетување на апаратот.
Монтажа
• Уверете се дека апаратот не е
оштетен при транспорт. Не
поврзувајте оштетен апарат. Ако е
неопходно, јавете се на добавувачот.
• Отстранете ја сета амбалажа пред
првата употреба.
• Електричното и водоводното
поврзување, поставувањето и
одржувањето на апаратот смее да го
врши само квалификувано лице. Така
ќе се спречи ризик од структурно
оштетување или физичка повреда.
• Внимавајте приклучокот за струја да е
изваден од штекерот за време на
монтажата.
• Не дупчете ги страниците на апаратот
за да не се оштетат хидрауличните и
електричните делови.
• Важно! Следете ги упатствата од
приложениот план:
– За да го монтирате апаратот.
– За да ја поставите вратата од
мебелот.
– За да го поврзете со доводот и
одводот на вода.
• Уверете се дека апаратот е монтиран
под и до безбедни структури.
Спречување смрзнување
• Не монтирајте го апаратот онаму каде
што температурата е под 0°C.
• Производителот не е одговорен за
оштетувања од замрзнување.
Поврзување на водата
• Употребете нови црева за да го
при клучите а паратот на довод за вода .
Не користете употребени црева.
• Не поврзувајте го апаратот со нови
или со цевки кои не се користеле долго
време. Оставете водата да тече
неколку минути, па потоа поврзете го
доводното црево.
• Уверете се дека цревата за вода нема
да се нагмечат или оштетат при
монтажата на апаратот.
• Проверете дали споевите се стегнати
за да не истекува вода.
electrolux 3
Kommentare zu diesen Handbüchern