
• При првата употреба на апаратот,
уверете се дека од цревата не
протекува вода.
• Доводното црево е со двојна обвивка
и има внатрешен кабел за струја и
безбедносен вентил. Доводното црево
е под притисок само додека тече вода.
Ако доводното црево протекува,
безбедносниот вентил ја сопира
водата што тече.
– Внимавајте кога го поврзувате
доводното црево:
– Не ставајте ги доводното црево и
безбедносниот вентил во вода.
– Доколку доводното црево или
безбедносниот вентил се
оштетени, веднаш извадете го
приклучокот од штекерот за
струја.
– Цревото за довод на вода со
безбедносен вентил може да го
замени само сервисен центар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Опасен
напон.
Поврзување на струјата
• Апаратот мора да биде заземјен.
• Уверете се дека податоците за
струјата од плочката со спецификации
одговараат на Вашата струја.
• Секогаш користете правилно
инсталиран штекер обезбеден од
струјни удари.
• Не користете Т-штекери, приклучоци и
продолжни кабли со повеќе
приклучоци. Постои опасност од
пожар.
• Не заменувајте го ниту ставајте друг
кабел за струја. Контактирајте со
сервисниот центар.
• Уверете се дека приклучокот и кабелот
за струја нема да се нагмечат или
оштетат зад апаратот.
• Внимавајте штекерот да е пристапен
по монтажата.
• Не влечете го кабелот за да го
исклучите апаратот од струја. Секогаш
повлекувајте го приклучокот за струја.
Сервисен центар
• Само овластен инженер може да го
поправа и да работи на апаратот.
Контактирајте со сервисниот центар.
• Користете само оригинални резервни
делови.
Расходување на апаратот
• За да се спречи ризик од физичка
повреда или оштетување:
– Извадете го приклучокот за струја
од штекерот.
– Отсечете го кабелот за струја и
фрлете го.
– Откачете ја бравата на вратата. Ова
ќе оневозможи деца и мали животни
да се затворат во апаратот. Постои
опасност од задушување.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Детергентите
за машината за миење садови се
опасни и можат да предизвикаат
корозија!
• Ако се случи незгода со
детергентите, веднаш
контактирајте со вашиот
регионален центар за отрови и со
лекар.
• Ако детергентот дојде во допир со
устата, веднаш контактирајте со
вашиот регионален центар за
отрови и со лекар.
• Ако детергентот дојде во допир со
очите, веднаш повикајте лекар и
исплакнете ги очите со вода.
• Чувајте ги детергентите за
машината за миење садови на
безбедно место и вон дофат на
деца.
• Не држете ја вратата на апаратот
отворена кога има детергент во
дозерот за детергент.
• Полнете го дозерот за детергент
само пред да почнете програма за
миење.
4 electrolux
Kommentare zu diesen Handbüchern