
4. Одберете програма за миење.
Видете во поглавјето „Програми за
миење“.
– Се пали соодветното програмско
показно светло.
– Сите други програмски показни
светла се гасат.
– Траењето на програмата трепка на
екранот.
5. Затворете ја вратата на апаратот.
Програмата за миење почнува
автоматски.
Може да одберете програма за
миење и со затворена врата. Кога ќе
притиснете програмско копче, имате
само 3 секунди да одберете друга
програма за миење садови. По тие 3
секунди, програмата за миење
почнува автоматски.
Одбирање и почнување програма за
миење со одложен почеток
1. Отворете ја вратата.
2. Вклучете го апаратот и изберете
програма за миење.
3. Притискајте го копчето за одложен
почеток додека екранот не го покаже
потребниот број часови на
одложување.
4. Затворете ја вратата на апаратот.
– Одбројувањето започнува
автоматски.
– Кога ќе заврши одбројувањето,
програмата за миење започнува
автоматски.
Со отворање на вратата на апаратот
се прекинува одбројувањето. Кога
повторно ќе ја затворите вратата,
одбројувањето почнува од точката
на прекинот.
Може да го одберете одложениот
почеток и со затворена врата. Кога
ќе одберете програма за миење,
имате само 3 секунди да одберете
одложен почеток. По тие 3 секунди,
програмата за миење започнува
автоматски.
Прекинување на програма за миење
• Отворете ја вратата на апаратот.
– Програмата за миење запира.
• Затворете ја вратата на апаратот.
– Програмата за миење продолжува
од точката на прекинот.
Откажување на програма за миење или
одложен почеток
Ако програмата за миење или
одложениот почеток не започнале,
можете да го промените изборот.
Кога програма за миење или
одложен почеток е во тек, не е можна
промена на изборот. Потребно е да
ја откажете програмата за миење
или одложениот почеток, за да
направите нов избор.
Кога ќе го откажете одложениот
почеток, автоматски ја откажувате и
програмата за миење. Повторно
треба да одберете програма за
миење.
1. Држете го притиснато копчето за
откажување додека не се запалат
сите програмски показни светла.
2. Уверете се дека нема детергент во
дозерот за детергент пред да
започнете нова програма за миење.
Кога ќе заврши програма за миење
садови
• Машината запира автоматски.
• Екранот покажува 0.
1. Исклучете го апаратот.
2. Отворете ја вратата на апаратот.
3. За подобри резултати при сушење,
оставете ја вратата подотворена
неколку минути.
• Ако не го исклучите апаратот, по
три минути од завршување на
програмата за миење:
– сите показни светла се гасат,
– екранот покажува една
хоризонтална линија,
Ова помага за намалување на
потрошувачката на струја.
Притиснете некое копче (не копчето
за вклучување/исклучување) и сите
показни светла повторно се палат.
Апаратот автоматски се исклучува
по 10 минути од завршување на
програмата за миење.
12 electrolux
Kommentare zu diesen Handbüchern