
Проблем Веројатна причина/Решение
Машината за перење
не почнува да
работи:
Штекерот не е правилно вметнат во приклучницата.
• Вметнете го штекерот во приклучницата.
Во приклучницата нема струја.
• Проверете ја домашната електрична инсталација.
Прегорел главниот осигурувач.
• Заменете го осигурувачот.
Тркалцето на програматорот не е правилно поставено и копчето 8
не е притиснато.
• Свртете го тркалцето на програматорот и повторно притиснете
го копчето
8.
Избран е одложен почеток.
• Доколку алиштата треба да се перат веднаш, откажете го
одложениот почеток.
Активирана е безбедносната блокада за деца.
• Исклучете ја безбедносната блокада за деца.
Машината зема вода
и веднаш ја испушта:
Крајот на одводното црево е поставен премногу ниско.
• Погледнете го делот „Испуштање на водата“ во поглавјето
„Монтажа“.
Машината не
испушта и/или не
центрифугира:
Одбрана е опција или програма што завршува со вода во
коритото или која ги елиминира сите избрани фази на
центрифугирање.
• Одберете програма за испуштање на водата или за
центрифугирање.
Алиштата во барабанот не се рамномерно распоредени.
• Одново распоредете ги алиштата.
На подот има вода:
Сте употребиле премногу или несоодветен детергент (создава
премногу пена).
• Намалете ја количината на детергент или употребете друг.
Проверете дали протекува од некој од приклучоците на
доводното црево. Понекогаш е тешко да се забележи дека по
цревото тече вода; проверете дали е влажно.
• Проверете го приклучокот за вода на доводното црево.
Одводното
или доводното црево е оштетено.
• Заменете го со ново.
Вратата не се
отвора:
Програмата уште работи.
• Почекајте до крајот на циклусот на перење.
Бравата од вратата не е отклучена.
• Почекајте додека вратата не се отклучи.
Во барабанот нема вода.
• Изберете програма за цедење или центрифугирање за да ја
испуштите водата.
Апаратот се тресе и е
бучен:
Транспортните клинови и амбалажата не се отстранети.
• Проверете дали апаратот е правилно монтиран.
Апаратот не е добро нивелиран.
• Наместете ги ногалките.
Алиштата во барабанот не се рамномерно распоредени.
• Одново распоредете ги алиштата.
Можеби има премалку алишта во барабанот.
• Ставете повеќе алишта.
90 electrolux
Kommentare zu diesen Handbüchern