
• Одберете ја програмата за црпење и
оставете ја да сврти цел циклус.
• Исклучете го апаратот од струја со
вртење на програматорот на "Stop"
.
• Извлечете го штекерот на апаратот.
• Заменете ги одводното и доводното
црево.
На тој начин, водата што преостанала
во цревата ќе се исцеди, со што ќе се
избегне формирање мраз што може да
го оштети вашиот апарат.
Пред повторно да го вклучите апаратот,
внимавајте да го инсталирате во
просторија каде што температурата
нема
да падне под нулата.
Користење
• Апаратот е наменет за нормална
домашна употреба. Не користете го
апаратот за комерцијални или
индустриски цели, ни за нешто друго
освен она за што е конструиран.
• Пред перењето погледнете ги
упатствата на етикетата на секое
парче.
• Не ставајте во машината алишта од
кои претходно сте ги отстраниле
дамките со
бензин, алкохол,
трихлоретилен итн. Ако сте
користеле такви средства за
отстранување дамки, почекајте тие
да испарат пред да ги ставите
алиштата во барабанот.
• Испразнете ги џебовите и исправете
ги алиштата.
• Овој апарат не е наменет да го
користат лица (вклучувајќи ги и
децата) со намалени физички,
сетилни или ментални способности,
или лица без
искуство и знаење,
освен ако немаат надзор и упатување
за користење на уредот од страна на
лицето кое е одговорно за нивната
безбедност.
Децата треба да се надгледуваат за
да бидете сигурни дека нема да
играат со уредот.
ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА
Заклучување за безбедност на
децата
Оваа опција овозможува два вида
заклучување:
• ако опцијата се активира откако
циклусот ќе започне, не се можни
промени на опциите или на
програмата.
Циклусот тече и мора да ја исклучите
опцијата за да пуштите нов циклус.
• ако опцијата се активира пред
почнување на циклусот, апаратот не
може да почне
да работи.
За да го активирате заклучувањето за
безбедност на децата, вклучете го
апаратот и притиснете ги едновремено
„Плакнење плус“
и „Одложен старт“
додека потврдниот симбол не се
појави на екранот. Апаратот го
меморира одбирањето на оваа опција.
За да го исклучите заклучувањето за
деца, повторете го истото.
Звучен сигнал
Кога ќе се активира звучниот сигнал, тој
ќе се огласи кога ќе притиснете некое
копче, на крајот на програмата, за да
укаже на некаков дефект.
За да го деактивирате, вклучете
го
апаратот и едновремено држете ги
притиснати копчињата „Предперење“
и „Плакнење плус“ додека не се
огласи звучниот сигнал. Сигналот е
активен само ако се огласи алармот. За
да го активирате повторно, повторете ја
истата постапка.
ПУШТАЊЕ ПРОГРАМА ЗА ПЕРЕЊЕ
Прва употреба
• Уверете се дека приклучувањето
на струјата и на водата се во
согласност со упатствата за
упатство за инсталација.
• Отстранете ги влошката од
стиропор и сите останати
предмети од барабанот.
16 electrolux
Kommentare zu diesen Handbüchern