
www.electrolux.com
60
Торта со сирење
1. Во длабок сад измешајте брашно, какао,
прашок за печиво и шеќер.
2. Додајте ги јајцето и путерот и изматете во
блендер.
3. Замастете ја тавата. Расукајте го тестото и
положете го во тавата, оставајќи 2 см. околу
рабовите за да се формира венец. Испечете
го тестото.
6-8 мин. 630 W
4. Матете ги путерот и шеќерот додека не
станат лесни и воздушести. Матете ги
полека јајцата. Додајте ги младото сирење и
смесата со пудинг од ванила.
5. Нанесете го филот врз основата за тортата и
гответе.
15-19 мин. 630 W
Прибор: Тава за торта
(приближно 26 см. во дијаметар)
Тесто:
300 гр. брашно
1 л. какао
10 гр. прашок за печиво
150 гр. шеќер
1 јајце
10 гр. путер или маргарин за замастување
на тавата
Фил:
150 гр. путер или маргарин
100 гр. шеќер
10 гр. ванила во прав
3 јајца
400 гр. младо сирење, 20 % маснотии
40 гр. смеса за пудинг од ванила во кесичка
Пудинг од гриз со сос од малини
1. Ставете ги млекото, шеќерот и бадемите во
длабок сад, покријте и гответе.
3-5 мин. 900 W
2. Додајте го гризот, промешајте, покријте и
гответе.
10-12 мин. 270 W
3. Изматете ја жолчката со вода во шолја и
измешајте ја во врелата смеса. Матете ја
белката додека не зацврсне и спуштете ја во
смесата. Истурете го пудингот во садови за
пудинг.
4. За да го направите сосот, измијте и исушете
ги малините и ставете ги во сад со вода и
шеќер. Покријте и загрејте.
2-3 мин. 900 W
5. Згмечете ги малините во пире и послужете
ги со пудингот од гриз.
Прибор: Длабок сад со капак (капацитет 2 л.)
4 садови за пудинг
500 мл. млеко
40 гр. шеќер
15 гр. сечкани бадеми
50 гр. гриз
1 жолчка
1 л. вода
1 белка
250 гр. малини
50 мл. вода
40 гр. шеќер
Kommentare zu diesen Handbüchern